• Latest

Реакции на албанските партии по најавата на премиерот Мицкоски дел од средствата за Коридорот 8 да се пренаменат за Град Скопје

August 22, 2024
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакции на албанските партии по најавата на премиерот Мицкоски дел од средствата за Коридорот 8 да се пренаменат за Град Скопје

August 22, 2024 19:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Откако премиерот Христијан Мицкоски по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска предложи дел од средствата наменети за коридорот 8, за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ на патот кон Косово, како и клучката кај семафорите на булевар „Словенија“ да се пренаменат за решавање на дел од проблемите на градот, со реакција во јавноста излезе Елми Азири, потпретседателот на Алијансата за Албанците која е дел од Европскиот фронт.

Азири вели дека со ребалансот на буџетот пред неколку дена, средствата за коридорот 8 се намалени за 11 милијарди денари, од 15 на 4 милијарди денари! Истовремено, средствата за Кичевската болница се скратени од 50 милијарди на 1,5 милијарди денари!
Подпредседателот на Алијанса за Албанците додава дека премиерот на државата вчера и предложи на Данела Арсовска средствата наменети за поправка на булеварот што го поврзува Скопје со патот кон Република Косово во износ од 8 милиони евра да се пренаменат за јавното претпријатие на град Скопје – Паркови и Зеленило, што според него значи дека премиерот предлага да се стопираат работите на патот кон Косово!
За толку малку дена, дури и да сакаат, не можат повеќе! Ужас!, напиша меѓу другото Азири.
По реакцијата на Азири од Алијансата за Албанците на барањето на Мицкоски парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Град Скопје, следеше и реакција од Демократската унија за интеграција, кои преку соопштение изјавија:
„Го сметаме за неприфатлив и неостварлив предлогот на моноетничката влада дека проблемите со градот Скопје да се решат на сметка на Албанците, исто така со прекин на изградбата на булеварот „Хасан Приштина“ на патот кон Косово, како и клучката кај семафорите на патот „Словенија“, кој исто така ги поврзува Чаир со патот за Косово“, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Од Алијансата за Албанците на прашањето на ЦивилМедиа испратено до неколку политички субјекти во земјава, го одговорија следното:

„Демонстрација на антиалбанската политика на ВМРО која беше најавена пред изборите и која се докажа по изборите со формирање на влада со политички групи без легитимитет кај Албанците, чии плодови секојдневно ги гледаме!, велат од Алијанса за Албанците.

Од Алијанса за Албанците нагласија дека, почнувајќи од поделбата на ресорите каде што Албанците се всушност со две министерства, исклучувајќи ги од клучните министерства, послаба застапеност од осамостојувањето до сега сме немале!

„Значи ни се случува тоа што претходно предупредивме, деалбанизација на институциите, не инвестирање во селата населени со Албанци, блокирање на Албанците во економските текови и воопшто во економскиот систем!“ изјавија од Алијанса за Албанците за ЦивилМедиа.

А. М. / М. Д. 

Tags: албански партиикоридор 8Премиерот Христијан Мицкоскипренамена на средства
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ