• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Годинава 774 македонски државјани биле депортирани од Германија, Северна Македонија на врвот на листата

August 29, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Годинава 774 македонски државјани биле депортирани од Германија, Северна Македонија на врвот на листата

Бројот на депортации во Германија продолжува да расте: близу 10.000 луѓе биле депортирани од земјата во првата половина на 2024 година. Северна Македонија е на врвот на листата на депортации

August 29, 2024 12:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на депортации во Германија продолжува да расте: близу 10.000 луѓе биле депортирани од земјата во првата половина на 2024 година. Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината 774 македонски државјани биле депортирани од Германија, со што  Северна Македонија е на врвот на земјите со најголем број депортации од Германија, објави  Дојче веле.

За шест месеци речиси 10.000 депортации

Околу 9.500 луѓе биле депортирани од Германија во првите шест месеци од годината, покажуваат податоците на германското федерално Министерство за внатрешни работи, наведени во одговорот на пратеничко прашање од партијата Левица.

Во истиот период минатата година биле забележани 7.861 депортации, според новинската агенција ДПА, којашто имала пристап до документот. Во 2023 година, вкупно 16.430 луѓе биле вратени со сила, во споредба со нешто помалку од 13.000 во 2022 година.

Според ДПА, најголемата група на депортирани по националност биле турските државјани (915), потоа Грузијците (839), Македонците (774), Авганистанците (675), Албанците (586) и Сиријците (534). Грузија, Северна Македонија, Австрија, Албанија и Србија се главни дестинации на депортациите.

Македонија на врвот на листата

Бројот на протерани лица од Германија годинава е значително поголем во споредба со лани. Податоците од јануари до март покажаа дека од Германија биле протерани 4.791 лица, или околу 34% повеќе во споредба со истиот период лани.

Притоа, Северна Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле протерани 483 граѓани на Северна Македонија. Во текот на целата измината 2023 година биле депортирани 1.177 македонски граѓани. Од протераните 483 македонски граѓани во првиот квартал од 2024 година, 233 биле жени и 227 малолетни лица.

Толериран престој

Германија во моментов не врши депортации во Сирија и Авганистан. Но, фаталниот напад со нож врз полицаец во Манхајм на крајот на мај ја поттикна владината коалиција да разговара за оваа можност. Пред нешто помалку од една година, канцеларот Шолц повика на депортации „во големи размери“. По терористичкиот напад во петокот во Солинген, повиците за зголемени депортации станаа уште погласни.

Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, околу 82 отсто од овогодинешните депортирани лица заминале со авион, додека третина од сите депортации биле трансфери според таканаречената Даблинска регулатива. Во 164 случаи луѓето биле депортирани во Бугарија, каде што требало да биде префрлен и напаѓачот Солинген, пренесе ДПА.

Податоците на Министерството, исто така, открија дека до 30 јуни, 226.882 лица во Германија биле обврзани да ја напуштат земјата, бидејќи немаат право на азил. Од нив, околу 182.000 имаат „Duldung“ (толериран престој). Ова значи дека тие не можат да бидат депортирани поради одредени причини, на пример затоа што немаат никакви документи за идентификација или се болни.

Сепак, од вкупно 44.155 лица веднаш се бара да ја напуштат земјата. Според весникот „Коректив“, тука спаѓаат, особено, луѓе кои привлекоа внимание поради нивната идеолошка поврзаност со терористичките организации.

Повеќе од 14.000 неуспешни депортации

Според податоците на Министерството, во првата половина од оваа година локалната полиција не успеала да ѝ предаде на германската федерална полиција повеќе од 14 илјади лица коишто требале да бидат депортирани. Причините за ова вклучуваат откажани летови, отсуство или болест на депортираниот и други организациски причини.

Дополнително, 534 депортации беа прекинати за време или по предавањето на федералната полиција. Меѓу наведените причини за овие прекинати депортации беа авиокомпаниите или пилотите кои одбиваат да ги земат депортираните во авионот, „акти на отпор“, медицински причини или тековни правни постапки.

Кон крајот на февруари стапи на сила Законот за подобрување на репатријацијата. Таа е особено насочена кон заострување и спроведување на правилата за депортација за лица кои се осудени за кривично дело или за кои е докажано дека се членови на криминална организација. Но, исто така, им дава на властите поголеми овластувања над барателите на азил кои не сториле никакви прекршоци, продолжувајќи го времето за кое тие можат да бидат приведени и дозволувајќи ѝ на полицијата да ги пребара нивните сместувачки капацитети и мобилните телефони.
Извор: Дојче веле

Tags: Германијадепортацијамакедонски државјани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ