• Latest
Германија денес.

Екстремно десничарската АфД победи во Тирингија, во Саксонија на второто место, Шолц повика партиите да формираат влади без „десничарски екстремисти“

September 2, 2024
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Екстремно десничарската АфД победи во Тирингија, во Саксонија на второто место, Шолц повика партиите да формираат влади без „десничарски екстремисти“

September 2, 2024 11:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Германија денес.

Германија денес.

Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот канцелар Олаф Шолц загрижен за успехот на крајната десница на регионалните избори ги повика главните партии да формираат влади без „десничарски екстремисти“.

Тој ги нарече „горчливи“ резултатите од двата регионални избори изминатиот викенд во Тирингија, каде Алтернатива за Германија (АфД) стана првата екстремно десничарска партија која победи на регионалните парламентарни избори во Германија по Втората светска војна, пренесува МИА.

На една година пред националните избори во Германија, резултатите од вчера ја казнија коалицијата на Шолц.

Сите три владејачки партии загубија гласови, а само неговата СПД го премина прагот од 5 отсто потребен за да остане во парламентите на двете сојузни држави.

„Резултатите од изборите во недела се горчливи – и за нас“, рече Шолц.

Но, тој истакна дека пострашните предвидувања, дека СПД може да го нема во државниот парламент за првпат, не се оствариле.

Тој објасни дека зборувал како претставник на неговите централно-левичарски Социјалдемократи (СПД).

„Нашата земја не може и не смее да се навикне на ова. АфД и штети на Германија. Ја ослабува економијата, го дели општеството и го уништува угледот на нашата земја“.

Партиите досега одбиваа да соработуваат со АфД за формирање мнозинство

Како што пренесува DW според прелиминарните резултати во Тирингија, Алтернативата за Германија (АфД)  за прв пат успеа да освои мнозинство во сојузна покраина. АфД е најсилната партија во Тирингија со 32,8 отсто од освоените гласови. ЦДУ постигна 23,6 отсто, Алијансата Сара Вангенкнехт 15, 8 проценти, Левицата на премиерот Рамелов 13,1 отсто, СПД 6,1 отсто, а Зелените не влегоа во парламентот.

Парламентот во Тирингија има 88 места, за мнозинство се потребни 45 места. Според досегашните резултати, распределбата на мандатите би изгледала вака: АфД – 32, ЦДУ – 23, БСВ – 15, Левица- 12 и СПД – 6.

Тирингија е  првата сојузна покраина  во која АфД, и покрај фактот што огранокот на партијата во оваа сојузна покраина е класифициран како екстремно десничарски,  освои мнозинство места во  покраинскиот парламент.

Според прелиминарните резултати, во сојузната покраина Саксонија ЦДУ е на прво место со 31,9 проценти, малку пред АфД, која има 30,6 отсто од гласовите. На трето место е Алијансата Сара Вагенкнехт (БСВ) со 11,8 отсто. СПД во парламентот влегува со 7,3 отсто, а Зелените 5,1 отсто. Левица освои 4,5 отсто од гласовите.

Парламентот во Саксонија има 120 места, за мнозинство се потребни 61 место. Според досегашните резултати, распределбата на мандатите би изгледала вака: ЦДУ – 42, АфД – 40, БСВ – 15, СПД – 10, Зелените – 7 и Левица – 6 (се претпоставува дека ќе влезат во парламентот врз основа на директни мандати).

Главна тема на изборите во двете сојузни покраини беше прашањето за  намалување на миграцијата и натамошната помош за Украина. И двете партии, АфД и БСВ, кои забележаа најголеми придобивки во популарноста, се залагаат за силно ограничување на воената помош за Украина и намалување на миграцијата.

На крајот на септември се одржуваат избори за локалниот парламент во источногерманската сојузна покраина Бранденбург, каде се очекува да се зголеми и популарноста на АфД и БСВ.

Драган Мишев

Tags: Германијаекстремна десницарегионални избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ