• Latest
Фото: Скриншот

Азески му пиша на Мицкоски, бара промена на законот што ги ограничи трговските маржи

September 5, 2024

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Азески му пиша на Мицкоски, бара промена на законот што ги ограничи трговските маржи

September 5, 2024 09:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на најголемата стопанска комора во земјава, Бранко Азески со писмо упатено до премиерот Христијан Мицкоски  бара да се избришат делови од  Законот за нефер трговски практики со кој се ограничува рабатот што добавувачот му го одобрува на купувачот, како и да се прецизираат условите под кои купувачот може да ги врати кај добавувачот непродадените производи.

Во писмото на четири страници од Азески до Мицкоски до кое дојде Телма стои дека во ЕУ субјектите на пазарот имаат повеќе простор да се адаптираат на новините.

Како што пишува Азески во писмото, спорен е периодот на прилагодување на новото законско решение. Во писмото стои дека во ЕУ субјектите на пазарот имаат повеќе простор да се адаптираат на новините. Проблем за Азески е и тоа што некои измени треба да се случат во период кога не е завршена календарската година.

„Праксата на другите пазари во Европската Унија укажува на многу подолг период за усогласување со законите со кои се забрануваат одредени трговски практики. Во Република Северна Македонија преоден период не е оставен, освен за добавувачите и за купувачите кои склучувале договори за снабдување, за кои имаат обврска да ги усогласат со овој закон во рок од шест месеци од денот на неговото влегување во сила, а тоа е пред истекот на септември 2024 година“, пишува Азески.

Исто така, во писмото се сугерира дека треба да се зголеми рокот во кој купувачот го известува добавувачот дека ја намалува нарачката на одреден производ.

„Претставниците на добавувачите и на купувачите изразија потреба од дополнително прецизирање и појаснување на одредени одредби од Законот. Предлагаме да ја разгледате можноста за дополнително продолжување на рокот на усогласување на работењето со Законот, со цел разјаснување на сите дилеми и поголема правна сигурност за субјектите кои се засегнати од него“, стои во писмото.

Законот за забрана на нефер трговски практики кој се донесе во март имаше за цел да го сопре дивеењето на цените, пред се на прехранбените производи. Беше составена  листа со над 2.500 производи чии маржи не треба да бидат поголеми од 10 отсто.

Веднаш по негово донесување, од Стопанската комора бараа во овој документ да бидат производи кои се со ДДВ од 5 отсто. Сега добавувачите и купувачите имаат рок уште неколку дена да ги усогласат договорите. Премиерот Мицкоски ќе чека да заврши месецов и да види дали ја исполниле обврската, но по дописот кој е упатен дирекно до него останува да се види, дали тој ќе ги прифати барањата од бизнисот и дали законот ќе се менува но и дали ќе се пролонгира неговата примена.

Во услови кога Владата не планира замрзнување на цените кои секојдневно раснат, асе поизвесно е и дека нема да има зголемување на минималната плата, куповната моќ на граѓаните опаѓа со што се загрозува животниот стандард на населението.

М. Д.

Tags: Бранко АзескиСтопанска комораХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ