• Latest

Хрватски „Јутарњи лист“: Граѓаните на Скопје се задушуваат во смог, загадувањето е поголемо и од Кина!

February 7, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хрватски „Јутарњи лист“: Граѓаните на Скопје се задушуваат во смог, загадувањето е поголемо и од Кина!

February 7, 2017 17:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Аерозагадувањето во Македонија станува медиумска топ-тема и во регионот. „Воздухот во главниот град на Македонија е опасен по здравјето, количините на загаденост ја преминуваат границата над која во Кина се прогласува црвена тревога, а реакцијата на локалните власти се сведува на ‘не излегувајте од дома, доколку не морате’“, пишува онлајн изданието на хрватски „Јутарњи лист“.

Вредностите на загадувањето во одделни општини се за 24 пати над дозволените и безбедни по здравје. Измерените количини на честичките помали од 10 микрограми (ПМ10) и помали од 2,5 микрограми (ПМ25) се десет пати поголеми од вредностите на кои во Хрватска, во Центарот за јавно здравство, би прогласиле тревога поради загаденост на воздухот.

„Се чувствувам беспомошно, безизлезно, уплашена за здравјето на моите деца и најблиски“, ни рече Ребека Јанковска Ристески, една од најпознатите македонски пејачки и мајка на три деца. „Постојано чувствувам мачнини, повремено ми се заматува видот и имам главоболки. Кога живееш во толку загаден град, секојдневните обврски ги сведуваш на минимум, колку што можеш“, ни објасни Јанковска Ристески.

Ноќта, меѓу неделата и понеделникот, во Општина Карпош е забележана рекордно висока концентрација од 1.218 мг на ПМ10 честички на метар кубен. Највисоката дозволена граница во Европа е 50 микрограми. Во Општината Центар се измерени 356 микрограми на метар кубен, од многу поопасните ПМ25 честички, чија највисока дозволена концентрација е 20 микрограми.

„Проблемот со загадувањето е најизразен во зимскиот перод“, тврди скопјанката Сања на Reddit. „Поголемиот дел од домаќинствата во Македонија се греат на дрва, но често се пали сé што ќе дојде при рака – гума, пластика, ламинат, теписи…“

Покрај греењето, постојат и други бројни причини за загадувањето. Бројни Македонци се доселија во Скопје во последните години, па денес дури половина од населението на земјата живее во главниот град. На улиците има околу 100.000 возила, но многу од нив се купени “на црно“ од Бугарија, па на техничките прегледи поминуваат со сини коверти, а јавниот превоз во градот е неадекватен и нередовен, и покрај новите кинески автобуси кои се купени пред неколку години.

Иако проблемот трае веќе подолго време, локалните власти досега не сториле ништо за да го решат, туку единствено апелираат до граѓаните да „не изглегуваат од своите домови ако тоа не е неопходно“. Граѓаните се снаоѓаат како што знаат и умеат, а многумина од нив, купуваат маски за лице.

„Од неодамна дома имам прочистувач на воздугот, но тоа не е решение“, ни рече Јанковска Ристески. „Две деца одат во градинка, а едно во училиште, и голем дел од времето дишеме CO2 и секакви останати честички. Најмногу нервира тоа што никој не презема некакви брзи конкретни мерки. На ваков огромен проблем, кога ти е ускратено елементарно човеково право, а тоа е правото на живот, итно треба да се реагира. Ова е вонредна состојба“, вели таа.

По рекордните вредности на загадување градските власти, денес, сепак, најавија една мерка: бесплатен градски превоз. Но, никој од нашите соговорници не верува дека таа мерка ќе вроди со некаков резултат, се вели во текстот на хрватскиот медиум.

Tags: „Јутарњи лист“„црвена тревога“ и во Кинаавтомобилибесплатен градски превоззагадување на воздухотзагревањеСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ