• Latest

СДСМ обвинува дека Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и идентитет, власта во одбраната ја вклучи Халеевата комета

September 15, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ обвинува дека Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и идентитет, власта во одбраната ја вклучи Халеевата комета

September 15, 2024 16:39
in ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По  средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев на 13 септември, кога беа објавени фотографии без македонското знаме, се крена вистинска бура од реакции. Вистински политички ОК Корал, што во целост ја оправдува истоимената рубрика во ЦивилМедиа.

„Со оваа посета на Софија, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет. За прв пат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани“, изјави за јавноста портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според СДСМ, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ иницираа дипломатски скандал со кој допуштија Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани.

„Ако ова е тоа што го може македонската дипломатија под водство на Мицкоски и Сиљановска, како тоа ќе преговараат подобри позиции во меѓусебните разговори? Сиљановска ли е таа која ќе ги води овие разговори или пак Муцунски кој остана нем и без реакција на дипломатскиот скандал кој ни се случи?“, се вели во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ изгледа како да не се снаоѓа најдобро во оваа ситуација, наспроти агресивниот пропаганден апаратус со кој располага. Можеби затоа, во денешната реакција, на помош ја повикаа и Халеевата комета.

Шегата настрана, ВМРО-ДПМНЕ не покажува намера да прифати било каква одговорност за скандалот, туку возвраќа со обвинувања за „предавствата на СДС“, како што го нарекуваат СДСМ.

„Не е изненадување што СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини. Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ објавена на партиската веб страница.

Меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ за себе тврди дека „стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста“, за на крајот да заклучи дека „ние ќе продолжиме да се бориме за Македонија, за нашето знаме, за нашиот народ и за нашата гордост – нешто што СДСМ очигледно одамна го заборави“.

Во краткото соопштение на партијата на власт, освен наводите дека СДСМ се предавници, а дека тие се борат за државата, знамето и гордоста – немаше објаснување за ситуацијата во која претседателката на Северна Македонија стои со својот бугарски домаќин пред две бугарски, а ниту едно македонско знаме.

Но има време, соопштенијата се редат, можеби ќе дојде и некое објаснување. Некогаш. Заедно со Халеевата комета или некое друго небеско тело.

Џ. Дерала


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ВМРО-ДПМНЕГордана Сиљановска ДавковаСДСМсоопштенија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ