Откако при посетата на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на Софија и на фотографиите од средбата со бугарскиот претседател Румен Радев се гледа дека во позадина го нема македонското знаме покрај бугарското и знамето на ЕУ, во јавноста се дигна голема галама. Цивил Медиа следејќи ја темата, го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за скандалот на државната делегација во Бугарија?
Одговорете во коментари или, ако сакате да останете анонимни, испратете порака
Ова прашање го постави ЦИВИЛ на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат на ова прашање во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа