Уставниот суд денеска на седница ја прифати иницијативата на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, која поведе постапка за укинување на „балансерот“ односно алатката за вработување во јавниот сектор според етничката припадност.
Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска изјави дека Судот по неколкучасовна расправа поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција, пренесува МИА.
Судот ги оцени наводите на Комисијата како основани, но и ги прошири сомнежите за неуставноиста и незаконитост и за други одредби и по сопствена иницијатива поведе постапка за одредби од истите закони но и за поднзаконски акти кои произлегуваат од нив, рече Беловска.
Уставниот суд донесе времена мерка откако антикорупционерите оспорија делови од три акти што се поврзани со „припадност на заедница“. Ова значи дека ќе нема вработувања по етнички клуч додека уставните судии не се произнесат за нивната уставност.
Ова значи дека ќе нема вработувања по етнички клуч додека уставните судии не се произнесат за нивната уставност. Алатката според која се вработуваше во последните осум години, е спорна за повеќето уставни судии, кои по долга расправа одлучија да се оформи предмет за иницијативата на Антикорупциската комисија, со која се оспоруваат одредбите за правична етничка застапеност во институциите. Судиите од етничките заедници, Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари, беа за отфрлање на иницијативата, односно, беа против воопшто да се разговара за неа.
М. Д.