• Latest

Мицкоски: Не прифаќам диктат! Ѝ посакувам успех на Албанија, можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон членството во ЕУ

September 26, 2024

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Мицкоски: Не прифаќам диктат! Ѝ посакувам успех на Албанија, можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на траекторија кон членството во ЕУ

Гледаме дека состојбата е таква каква што е и го делам впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски остапки без гаранции да прифаќаме услови, рече Мицкоски.

September 26, 2024 14:18
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските критериуми. Тој и посака многу успех на соседна Албанија брзо да го заврши преговарачкиот процес и како, што рече, можеби еден ден „нашите патишта повторно ќе се сретнат по таа траекторија кон полноправно членство во ЕУ“.

-Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егизбиционистички прифаќаше се, мафташе со европско знаме додека го ограбруваше сопствениот народ. Гледаме дека состојбата е таква каква што е и го делам впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски остапки без гаранции да прифаќаме услови, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, по посетата на Фондот за здравствено осигурување.

Нагласи дека сегашната поставеност на работите во однос на нашето членство е диктат и оти тој својот став го пренел и на средбите во Брисел.

-За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш тоа го кажав и во Брисел – не благодарам, тоа не се европските вредности во кои мојата генерација се вљуби, а тоа се оние вредности, кои ги дефинирале Аденауер, Дегаспери и Шуман и затоа ја споделив идејата, ајде да разговараме, немојте со диктат, не не условувајте со диктат, јас сакам да разговараме колку е потребно да најдеме решение, очигледно сега немаме решение, нагласи Мицкоски.

Повторно се повика на принципот „Pacta sund servanda”, кој како што рече, ако важи за Преспнскиот договор, треба да важи и за Договорот за добрососедство со Бугарија.

– И покрај многуте критики како нова Влада го прифативме Преспанскиот договор и ако тој принцип важи за тој Договор, тогаш ЕУ и Брисел треба да го прифатат „Pacta sund servanda“ и за Договорот за добрососедство, во кој никаде не стои дека услов мора да биде ние да го промениме Уставот. Таму никаде не го пишува тоа, дури пишува и дека Бугарија треба да не поддржува и да ни помага. Кога ние зборуваме за одложено дејство, зборуваме за тоа по успешно завршување на разговорите и ратификација на претпристапниот протокол подготвени сме да прифатиме промена на Уставот и за многумина во Брисел беше што е сега ова, а тоа не е ништо поразлично од Преспнаскиот договор, изјави Мицкоски.

Направи паралела меѓу уставните амандмани за Преспа и додаде дека како што тие во сила влегоа, откако Грција го ратификуваше претпристапниот Протокол за членство во НАТО, тоа да важи и за ЕУ.

-Еве ќе ја завршиме процедурата, имаме 80 пратеници, но амандманите што ќе ги поминеме нека важат и да бидат ефективни кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ, рече Мицкоски.

На прашањето дали унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој од денеска е во посета на земјава и чија држава е актуелен претседавач на Унијата може да помогне во таа насока не даде директен одговор, но напомена дека доста е со примена на двојни стандарди на грбот на земјава и оти сето ова нема врска со европски вредности, нагласувајќи дека преговорите значат јакнење на институциите, збогатување на капацитети.

Во врска со можноста за евентуална дестабилизација кај нас, откако Албанија продолжи понатаму, рече дека такви обиди може да има и доколку не сме раздвоени.

-Ако некој решил да дестабилизира безбедносната состојба во НАТО земја-членка, ние како држава ќе одговориме соодветно. Нема да дозволиме некој ќе ја дестабилизира земјата, рече премиерот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ