• Latest

24 ЧАСА: Филипче бара план за ЕУ, Мицкоски ќе анализира; катастрофални поплави во БиХ; Агелер ја потврди поддршката од САД; Резолуција за одбележување на 90 години Гладомор во Украина

October 4, 2024
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Филипче бара план за ЕУ, Мицкоски ќе анализира; катастрофални поплави во БиХ; Агелер ја потврди поддршката од САД; Резолуција за одбележување на 90 години Гладомор во Украина

Издание број 1903

October 4, 2024 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Филипче побара, Мицкоски размислува да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Од СДСМ потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ.

„Граѓаните не смеат да останат без јасна перспектива, ниту ВМРО-ДПМНЕ има право еднострано да ги прекинува преговорите, без јасно да каже што е алтернативата. СДСМ ќе делува контруктивно во Собранието и ќе ја поддржи секоја искрена идеја да се надмине оваа состојба на статус кво во која сме доведени. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека не е веќе опозиција и да демонстрира лидерство и визионерство наместо да ги гледа тесно партиските интереси“, велат од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД

„Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу претседателот Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова“, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.

РЕГИОН

Десетици жртви во поплави во Босна и Херцеговина

Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, соопшти дека неофицијално добил информации за 20 загинати лица во поплавите и одроните во општина Јабланица, која се наоѓа на северот од Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК) во Босна и Херцеговина.

СВЕТ

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за одбележување на 90-тата годишнина од Гладоморот во Украина

„За време на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше усвоена резолуцијата „Одбележување на 90-тата годишнина од Гладоморот-на Украина повторно ѝ се заканува геноцид“. Ѝ благодариме на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата!“, напиша на платформата Х, украинската амбасадорка во Македонија, Н.Е. Лариса Дир.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА: Што мислите за безбедноста на патиштата?

АНАЛИЗИ

„На економско-социјален план, она што им го вети на бирачите, актуелната власт не го спроведе. Постои ли некој социјален слој што треба да биде задоволен? Ако тоа не се вработените, а ниту работодавачите, тоа секако само оние најмоќните – економската олигархија – може да бидат задоволни. Но тие знаат да мрморат, бидејќи не сакат да ја испуштат контролата од своите раце.

Од досегашните 100 дена на власта единствено може да биде задоволна само – власта. Или само оние кои сметаат дека ја имаат контролата врз неа како, на пример, првиот човек на Стопанската комора или нашите од „црната листа“, оние недопирливите. Засега, сѐ оди според планот“, пишува Љубомир Костовски во анализата „100 ДЕНА ВЛАДА: Горчливата жетва на ветувањата“.

*

И покрај големите зборови и декларации, меѓународните мировни иницијативи остануваат симболични. На 25-годишнината од декларацијата на ОН за „Култура на мирот“, авторитарните режими како Русија продолжуваат да ги експлоатираат глобалните институции, оставајќи ги цивилите да го сносат товарот од тековните војни и кризи – Политички есеј објавен во Балкан Форум по повод Декларацијата за култура на мирот и Генералното собрание на ОН, пишува Џабир Дерала во колумната „Празното ветување за глобален мир: Како центрите на моќта и инерцијата поттикнуваат конфликти“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ