• Latest
Фото: Телеграм

Гори најголемото складиште за нафта на окупираниот Крим погодено од украински дронови

October 7, 2024
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Гори најголемото складиште за нафта на окупираниот Крим погодено од украински дронови

October 7, 2024 14:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Телеграм

Фото: Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Пожар избувна во најголемото складиште за нафта во Феодосија окупирана од Русија во раните утрински часови на 7 октомври по украинскиот напад, јавуваат руските медиуми и војската на Украина.

Украинските ракетни сили го нападнаа најголемото складиште за нафта во окупираниот Крим, што резултираше со пожар од големи размери, потврди Генералштабот на украинските вооружени сили, пренесува Кијив Индипендент.

Според Украинска правда, жителите пријавиле дека слушнале неколку силни експлозии околу 4:30 часот по локално време, непосредно пред да започне пожарот. Телеграм каналот Кримски ветер исто така објави дека аеродромите во Белбек и Саки биле нападнати во текот на ноќта.

Локалните власти го потврдија инцидентот, но го опишаа како пожар.

„Има пожар во складиштето за нафта Феодосија. Службите за итни случаи се на терен. Нема пријавени жртви или повредени“, рече на Телеграм Олег Крјучков, советник на полномошникот на Крим, инсталиран од Русија.

Телеграм каналот Астра подоцна појасни дека објектот во пламен бил Морскиот нафтен терминал, кој и претходно бил цел на беспилотни летала во март 2024 година. Во тоа време четири беспилотни летала удриле во складиштето, оштетувајќи го главниот цевковод за гориво и предизвикале пожар, за кој требало повеќе од еден час да се изгасне.

Терминалот Феодосија е најголемиот во Крим за ракување со нафтени деривати, а само уште еден терминал од ваков вид се наоѓа во Севастопол.

Објектот „особено се користеше за снабдување на руската окупациска армија“, истакна Генералштабот. Се утврдува целосниот обем на штетата.

Во последниве месеци, украинските сили започнаа серија напади со беспилотни летала со цел да ја оштетат руската нафтена индустрија, чиј профит ги поттикнува воените напори на Москва.

Укринформ го пренесува Телеграм каналот Кримски ветер кој наведува дека најмалку три резервоари горат на нафтениот терминал во Феодосија во привремено окупираниот Крим како резултат на нападот со украински беспилотни летала во текот на ноќта.

„Повеќе ноќни видеа од Феодосија. Јасно е видливо дека најмалку три тенкови горат“, се вели во објавата.

Подоцна, на каналот беше објавено утринско видео, каде што може да се видат столбови чад над Феодосија.

Дополнително, каналот додаде дека во нападот биле оштетени пет цистерни со гориво – две биле целосно уништени, а уште три гореле. Поради нападот, прекинато е движењето на возовите на делницата од Владиславивка до Феодосија. Патниците од еден воз морале да користат автобуси. Во нападот се повредени три лица кои се хоспитализирани.

Драган Мишев

 

Tags: гори руско складиште за нафтапривремено окупираниот Кримукраински напади со дронови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ