• Latest
Фото: МИА

Мицкоски: Гасот од јужниот сосед преку нашата земја треба да стаса до северниот сосед и Централна Европа

October 7, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Гасот од јужниот сосед преку нашата земја треба да стаса до северниот сосед и Централна Европа

October 7, 2024 14:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Енергетското поврзување на двете земји со кое Србија би добила уште еден крак за снабдување со природен гас преку изградбата на интерконекторот меѓу Македонија и Грција, покрај брзата железница и взаемна поддршка за евроинтегративниот процес беа главните теми на разговорите меѓу премиерот Христијан Мицкоски и српскиот премиер Милош Вучевиќ, денеска во Скопје.

Како транзитна држава ќе обезбедиме дополнителна опција на Централна Европа за снабдување со гасот. Очекувам во текот на зимата, Украина да влече големи количества гас, што ќе ја зголеми цената и затоа развиваме вакви проекти, истакна премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со српскиот колега.

Според премиерот Мицкоски, географската положба на нашата земја е многу значајна и сакаме таа да биде патна, енергетска и железничка крстосница, а целта на двете држави е сериозно енергетско поврзување и осамостојување.

Со премиерот Вучевиќ зборувавме за енергетското поврзување на двете земји, преку изградбата на гасниот интерконектор кој ќе ги поврзува двете земји. Ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, а со тоа ќе обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа. Овој интерконектор со нашиот северен сосед е исклучително значаен. Во фаза сме да го пуштиме во употреба и продуктоводот, во јавноста познат како нафтовод којшто ја поврзува нашата земја со нашиот јужен сосед. Цениме дека тоа би било добра опција, да истиот тој продуктовод или нафтовод биде поврзан и со нашиот северен сосед и на тој начин да обезбедиме уште еден коридор. Очекуваме до крајот на годината да ја завршиме постапката и на пролет да почнеме да градиме. Финансирањето е обезбедено, кажа премиерот Мицкоски.

Додека во обраќањето на Мицкоски беше видливо дека на секој начин се труди да ја избегне употребата на уставното име на земјава, според српскиот премиер Милош Вучевиќ, многу значајно решение е изградбата на интерконекторот, што ќе претставува нов пат за снабдување од Грција кон Македонија и Србија.

-Ќе разговараме и за изградбата на нафтоводот, фактот е дека нашите две земји трошат многу струја и треба да се стремиме кон декарбонизација без да ја загрозиме енергетската стабилност, не само за нашите две земји туку и за регионот. На овој начин ќе им обезбедиме стабилност и на стопанствата и на домаќинствата на двете држави – додаде Вучевиќ.

Меморандумот меѓу Северна Македонија и Србија потпишан денеска се однесува токму на соработка во делот на енергетиката.

„Многу сме горди на проектот `Турски ток, јужен ток`, наречете го како сакате. Да го нема тој проект и да не го изградивме Србија сега би немала приоред гас. Да бидеме прецизни и искрени – ни не се откажуваме од кој било гас, сакаме и руски и азербејџански, сите извори. Да се откажуваме од нечиј гас зашто некој друг така проценува, но извинете, ние водиме сметка за нашиот дом“, рече Вучевиќ.

Двајцата премиери разговарале и за брзата пруга од Коридорот 10, која претставува стратешки приоритет како и Коридорот 8.

-За нас е важна одлуката на македонската Влада за Коридорот 10, како стратешки правец за железничкиот транспорт, што е единствена прилика заедно со европските партнери да се поврземе од Виена до Атина, полесно ќе се поврземе со грчките пристаништа. Ова е природен пат меѓу Азија до Европа, а патот ќе оди преку Македонија и Србија, што ќе обезбеди подобар карго и патнички транспорт – рече српскиот премиер Вучевиќ.

И додека за брзата железница и за енергетиката се зборуваше многу на прес-конференцијата на двата премиери, за ЕУ-интеграциите со отстапи малку време, а денешните пораки на таа тема на двајцата премиери се сведоа на веќе видени, безмалку на ниво на фрази.

 

 

Tags: Милош ВучевиќСеверна МакедонијаСрбијаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ