ВЕСТ НА ДЕНОТ
Уставниот суд го укина „балансерот“
Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.
Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница.
Кренар Лога од Европскиот фронт вели дека ниту Слободан Милошевиќ не можеше да сонува да донесе толку погрешни одлуки колку што може да направи Уставниот суд на РСМ преку маргинализирачкото гласање.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка
„Синот на Мицкоски не бил дел од официјалната државна делегација на НАТО Самитот во Вашингтон и истиот не присуствувал на ниту еден официјален состанок или средба која се одржала во рамките на НАТО Самитот, туку единствено присуствувал на предавањето кое го одржал неговиот татко претседателот на Владата на Република Северна Македонија на Универзитетот Џон Хопкинс, а по претходно упатена покана од страна на универзитетот“, рече Богоевски.
РЕГИОН
Целата управа на ЕТФ во Белград поднесе оставка поради притисокот за ископувањето литиум, според невладините проектот „Јадар“не e во согласност со прописите
Целата администрација на Електротехничкиот факултет на чело со деканот Дејан Гвоздиќ поднесе оставка, дознава Нова.рс. Ова било направено на седницата на Просветно-научниот совет на која ЕТФ требаше да даде изјава за ископ на литиум и проектот „Јадар“.
СВЕТ
Гутереш со критика за планираниот израелски закон за забрана на Агенцијата на ОН за помош
Предлог-законот пред израелскиот Парламент ќе ја запре работата на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), предупреди вчера генералниот секретар, Антонио Гутереш.
-Затоа му пишав директно на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху за да изразам длабока загриженост за нацрт-законот што може да ја спречи УНРВА да продолжи со својата суштинска работа на окупираната палестинска територија, рече Гутереш.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто квалификуваниот кадар и младите заминуваат од земјата?
СЛОБОДНА ЗОНА
Поминаа 10 дена откако скромниот левичар, пратеникот Димитар Апасиев кој од точак се качил на џип, ја нарече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска – „почитувана богаташе од гостиварско со 6 стана и една викендица“.
На ваквите обвинувања пратеничката од гостиварско (која и покрај неколкуте стана во Скопје, сепак лапа патни трошоци), одговори дека не може „наркомани да и се обраќаат со почитувана богаташке, бидејќи точно знае од каде и се становите, додавајќи „моите шест стана имаат уредно имотно потекло“, пишува во сатирата „Дафина: Не сум богаташка, шест стана – богатство ли е?“.
Д. Муратов