• Latest

Дерала: ЦИВИЛ бара истрага за изборите и итна оставка на ДИК!

February 10, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: ЦИВИЛ бара истрага за изборите и итна оставка на ДИК!

February 10, 2017 15:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска им го предаде изборниот извештај на ЕУ-диломатите од тимот на Јоханес Хан, но и документ со препораки и оценки за целокупната политичка состојба во Македонија и за неизоставната потреба од итно решавање на кризата, со цел Македонија да се врати во нормала.

„Нашите наоди им ги презентиравме на евродипломатите. Ја известивме Европската комисија, дека предвремените парламентарни избори во 2016 година претставуваат наследство на 10-годишното заробеништво на институциите и државата, на структурното насилство, на широко распространетата корупција и на кршењето на изборните стандарди во изборниот процес. Нив, во најголема мерка ги спроведуваа институциите, кои се сé уште под ингеренции на владејачките партии“, изјави Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода, по средбата со ЕУ-дипломатите, на денешниот настан  „Без цензура и шминка“.

Како што им изјави на новинарите, Дерала им го посочил на членовите на тимот на Хан, процесот на злоупотреби на јавната администрација на локално и на централно ниво, им укажал на фактот дека тие „24 часа, секој ден мораа да одработуваат низа работи, кои беа во полза на политички, па дури и криминални структури“.

„ЦИВИЛ бара итно оставка на ДИК и истрага за сите членови и тела на оваа комисија. Имаме документи и докази, коишто говорат за низа прекршувања на законите и изборните процедури. Бараме ова тело вистински да се реформира, департизира и професионализира. Државната изборна комисија не успеа да ја спроведе својата функција, ги прекрши изборните процедури и доведе многу граѓани да не можат да го остварат своето гласачко право. Тие не беа обештетени, а штетите од лишување на право на глас, се големи“, акцентираше Дерала.

Тој и овој пат го истакна барањето на ЦИВИЛ, за продолжување на работата на СЈО, изразувајќи му безрезервна поддршка на Обвинителството. Ги повика корумпираните судии да се соочат со својата одговорност, поради штетите нанесени врз земјата и системот.

Дерала забележа дека нема судска разрешница за евидентираните кршења на законот од 27 медиуми, а ад хок телото ја заврши со својата работа на 12-ти декември, поточно 24 часа по гласањето, така што наодите на ова регулаторно тело, не ни можеа да бидат ефектуирани.

„Бараме итно да прекинат, да се стопираат сите форми на притисоци и закани по граѓанското општество. ЦИВИЛ денеска бара од сите политички структури да прекинат со притисоци, злоупотребии и врз социјалните случаи, да се престане со притисоци и закани врз интелектуалците, уметниците, вработените во сите сфери на општеството“, побара Дерала.

Став на ЦИВИЛ, како што рече Дерала е дека локалните избори треба да се одржат во редовен термин, но само со реформирана ДИК и со прочистен Избирачки список.

Моника Талеска

Tags: ад хок телоДИКЕКЕУ-дипломатиизбирачки списокизбориСЈОХан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ