• Latest
Северна Македонија - Кампања на Владата, „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, Скопје, октомври 2024 година.

Скапа храна, празни рафтови за „есенската кошничка“

October 15, 2024
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Скапа храна, празни рафтови за „есенската кошничка“

October 15, 2024 14:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Северна Македонија - Кампања на Владата, „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, Скопје, октомври 2024 година.

Северна Македонија - Кампања на Владата, „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, Скопје, октомври 2024 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа, се жалат граѓани. Економистите сметаат дека ограничената маржа е краткорочна, неефикасна и непазарна мерка. Инспекторите изрекле казни за маркети низ цела држава, во вредност од 70.000 евра, објави РСЕ.

Поевтини се само средствата за чистење, ама тие не се јадат. Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа. Таман да се прелажеш дека си купил поевтино, а амбалажата полупразна, вели скопјанката Снежана С., две недели пред да истече владината мерка која требаше да донесе пониски цени овој месец и да ја зголеми куповната моќ на граѓаните.

Владата на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа за 10 отсто на 73 производи. Во таканаречената „есенска кошничка“ влегоа леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук, ориз, грав, тестенини…

Владината одлука, исто така, ги обврзува трговците да ги набавуваат и продаваат овие производи во месечни количини од најмалку 70 отсто од набавените количини во август.

Мерката ќе трае до 31 октомври.

Северна Македонија – Кампања на Владата, „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, Скопје, октомври 2024 година.

Но, граѓани за РСЕ велат дека натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, со кои е одбележана кампањата на рафтовите, не значи и дека цените на производите навистина се – помали.

Забележуваат и дека дел од производите ги нема во маркетите.

„Во некои маркети, дел од рафтовите се празни, нешто што го гледавме во ковид-пандемијата. И не разбирам зашто. Така е кај млекото, на пример“, вели Снежана, која пазарува секој ден во маркетите во скопската општина Карпош.


Сличен е впечатокот и на Васил Митрески од населбата Црниче. Тој храна купува од маркетите во центарот на Скопје и од блискиот Зелен пазар.

„За себе за појадок купувам млеко во тетрапак, постојано од истиот бренд. Впечатокот ми е дека е поскапо од тоа што беше пред да речат дека ќе се намалат цените. Забележав дека и друго млеко, што го купуваме за синот од пет години, често го нема во продавниците. Дали е случајност, и јас се прашувам“, вели Митрески.

Граѓани велат дека времето додека власта ја усогласуваше кошничката, трговците го искористиле за да ги зголемат цените. Исто така, забележуваат повисоки цени на производи што не се опфатени со мерката.

Казнети маркети во Скопје, Битола, Струмица, Охрид…

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) заклучно со 5 октомври извршил повеќе од 500 вонредни инспекциски надзори во маркетите и утврдил низа манипулации.

„Цените на основните прехранбени производи, односно на производите опфатени со Одлуката, се намалени кај повеќето трговци, но затекнати се трговци кои во моментот на надзорот вршеле нивелација на цените, но одредени трговци не ги намалиле цените и не ставиле ознаки пропишани во Одлуката. Дел од правните субјекти се задолжени со доставување на дополнителна документација до пазарниот инспекторат за во целост да се утврди фактичката состојба“, велат од Инспекторатот за РСЕ.

Целиот текст прочитајте го тука.

Извор: РСЕ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ