На социјалните мрежи се споделува видео од еден маркет во Куманово каде што ечи химната и оглас на ВМРО-ДПМНЕ дека Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово имаат некаква партиска активност на 16 октомври во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
На интернет платформата Х, профилот Драги Црни го сподели видеото со коментар „Северна Кореја е смешка за нас!“.
Северна Кореја е смешка за нас! pic.twitter.com/qtyVrixDFt
— Драги Црни (@dragi_crni) October 16, 2024
Ова видео го сподели и новинарот Фуркан Салиу на својот Х профил со коментар „Се повеќе личиме на Северна Кореја. Во маркет бе! Маркет“!
Се повеќе личиме на Северна Кореја.
Во маркет бееее! Маркет!!! pic.twitter.com/LZhYkqQIXv— Furkan Saliu (@FurkanSaliu) October 15, 2024
Објавата на новинарот Салиу наиде на говор на омраза од партиските ботови на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од коментарите се дека се работи за реклама на ВМРО-ДПМНЕ која се емитува на некоја локална радио станица.
Д. М.