ЗОРАН ИВАНОВ
Во македонското собрание, по примерот на големите, надлежните наши отворија соба бункер и во таа соба никој од надвор не ќе можел да пробие ниту со видео ниту со аудио за да ги дознае нашите државни тајни и, еве, тука и прашано и кажано во една реченица, елементаеното е што ли тоа ќе се зборува толку тајно и што тоа ќе се крие во тие тамошни глуви муабети во таа Глува собраниска, што тоа има
толку важно да крие Нашата од јавноста светска во таа собраниска “Глува соба” па се наметнуваат прашања дали можеби овдешните наши научници и инженери веќе измислија некоја нова вакцина за некоја опасна зараза или патентираа, можеби, некакво епохално профитно енергетско еко перпетумобиле или пак сојузниците, можеби, токму нам ни доверија да им ги чуваме воените тајни, или …, прашања многу, дилеми исто така, важното е што, еве, со Глува соба станавме фактор светски па отсега и ние ќе си чуваме тајни, тајни од самите себе – онака од хоби.