• Latest
Фото: Х

Грузија забранува влез на новинари за да известуваат од изборите поради зголеменото руско влијание

October 23, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Грузија забранува влез на новинари за да известуваат од изборите поради зголеменото руско влијание

October 23, 2024 15:47
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Русија го подига до максимум нивото на влијание во Грузија пред претстојните парламентарни избори, закажани за 26 октомври, од кои зависи европската иднина на земјата.

Непосредно пред изборите, на 22 октомври, на чешко-британскиот новинар Реј Бејзили, веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Тбилиси со намера професионално да ги покрие претстојните парламентарни избори, му беше забранет влезот во Грузија без објаснување.

Тој во моментов е задржан на аеродромот и треба да биде депортиран за два дена, изјави неговиот партнер за Кијив Индипендент.

Додека Грузијците се упатуваат кон гласачките места на 26 октомври, илјадници луѓе се собраа во Тбилиси минатиот викенд за да демонстрираат поддршка за членството во ЕУ соочени со демократското назадување и пријателската насока на Москва на владејачката партија Грузиски сон.

Бејли, хонорарец од кого Кијив Индипендент се договори да испраќа стории кои ги покриваат изборите во Грузија, напиша на X на 22 октомври дека му бил одбиен влез откако пристигнал со авион без објаснување.

„Денеска во 19:30 ми беше одбиен влез во државата Грузија без образложение или дополнително објаснување, тоа е неприфатливо, дури и локалните гранични сили не знаат зошто не ми беше дозволен влез“, напиша Бејли.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија од формуларот за одбивање влез. Документот не ја објаснува причината, означувајќи ги „Други случаи предвидени со грузиското законодавство“ како основа за одлуката.

Бејли има чешко државјанство.

Hello Georgians, Journalists and Czechs. Today at 19:30 I was refused entry into the country of Georgia without reasoning or any further explanation this is unacceptable even the local border force doesn’t know why I wasn’t allowed entry. Anyone who can help please write to me. pic.twitter.com/4HGh3xY9ma

— RayBaseley 🇺🇦🇬🇪 (@RayBaseley) October 22, 2024

Партнерката на новинарот, Украинката Марија Каплина, подоцна истиот ден изјави за Кијив Индипендент дека грузиските власти го задржале Бејзили и дека таа изгубила контакт со него.

Каплина стапила во контакт со него дури следниот ден откако на Бејли му било дозволено да телефонира.

„Сегашната ситуација е дека Реј се уште е на аеродромот во Тбилиси. Никој не му објасни зошто го држат таму или зошто го депортираат“, изјави Каплина за Киев Индипендент.

„Ова е тотално незаконско дејство и го држат таму повеќе од 17 часа. Конзулот (чешкиот) и адвокатот сега работат за да можат да влезат во објектот каде што го чуваат. Властите се подготвуваат да го депортираат за два дена“.

Портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи изјави за Кијив Индипендент дека Прага е запознаена со ситуацијата и оти допрела до грузиските власти во врска со случајот.

„Нашиот конзул е во контакт со неговите најблиски (на Бејли), и таа испрати официјална нота до грузиското Министерство за надворешни работи, барајќи информации за неговата моментална локација и причината за неговото приведување и одбивањето да влезе“, рече портпаролот Даниел Дрејк.

Бејли е новинар од Прага, кој исто така нашироко ја покривал војната на Русија против Украина како хонорарен известувач.

Бејли претходно известуваше за протестите во Тбилиси кои избувнаа пролетта поради усвојувањето на законот за „странски агенти“ од страна на владејачката партија Грузиски сон.

Законот, кој се споредува со сличен закон во Русија, беше насочен кон невладините и медиумските организации кои добиваат средства од странство. Неговото усвојување се сметаше за сигнал за демократското назадување и влошување на слободата на медиумите под власта на проруската партија Грузиски сон.

Предходно, на 20 октомври, маршот за поддршка на пристапот во ЕУ „Грузија ја избира Европската унија“ собра десетици илјади Грузијци на Плоштадот на слободата во Тбилиси, неколку дена пред претстојните парламентарни избори.

Ahead of crucial parliamentary elections in Georgia, massive pro- EU march is underway in #Tbilisi.

#GeVote2024 pic.twitter.com/VyLPUnX2vy

— Maria Katamadze (@mariakatamadze1) October 20, 2024

Претседателката Саломе Зурабичвили, гласен противник на владејачката партија Грузиски сон, учествуваше на митингот, повикувајќи ги демонстрантите да гласаат за проевропските партии за време на изборите. Зурабичвили рече дека протестот „покажува дека Грузија веќе победила и дека ќе се реинтегрира во Европа“.

Грузија доби статус на кандидат за ЕУ ​​заедно со Украина во декември 2023 година. Иако прашањата околу кандидатурата на Грузија продолжуваат да се вртат додека владејачката партија Грузиски сон продолжува да ги обновува односите со Русија.

На 14 септември, де факто лидерот на владејачката партија Грузиски сон, олигархот Биџина Иванишвили, како дел од поголемиот тренд на неговата партија за зближување со Русија изјави дека Грузија треба да се „извини“ за руската војна против земјата во 2008 година.

Треба да се има на ум дека Јужна Осетија и Абхазија беа преземени од Русија од Грузија, на начин сличен на ситуацијата во Украина, при што значителен број поединци кои зборуваат руски мигрираа во овие региони, добивајќи финансиска поддршка преку олигарсите на Путин понатаму ги овозможија декларациите за верност на регионите кон Русија.

Претстојните избори во Грузија, како и оние во Молдавија, како две клучни земји од кои Русија сè уште не е подготвена да се откаже од своето политичко и економско влијание, се многу важен тест за руското влијание во постсоветскиот простор и во регионот на Црното Море околу Украина, и како тоа понатаму ќе се одрази на целокупната стабилност во овој регион.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Молдавската претседателка Санду како прва оди во вториот круг од претседателските избори, победувајќи по „нефер борба“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грузијазабрана за влезруско влијаниечешки новинар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result