• Latest
ФОТО: Али Ахмети / Христијан Мицкоски - Социјални мрежи

24 ЧАСА: ЕК ќе одлучува за Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување; Мицкоски по 24 часа го прочита писмото од Ахмети; остатоците од Отворен Балкан, закачени на српската локомотива

October 29, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ЕК ќе одлучува за Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување; Мицкоски по 24 часа го прочита писмото од Ахмети; остатоците од Отворен Балкан, закачени на српската локомотива

October 29, 2024 17:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
ФОТО: Али Ахмети / Христијан Мицкоски - Социјални мрежи

ФОТО: Али Ахмети / Христијан Мицкоски - Социјални мрежи

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување

Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Северна Македонија.

По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела, првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително Блискиот Исток и Украина, додека вториот дел е обвинување на уставните судии коишто ги избрало мнозинството на СДСМ и на ДУИ дека спроведуваат програма на ВМРО-ДПМНЕ. Не сум знаел дека овие судии избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ спроведува програма на ВМРО-ДПМНЕ, дека бил загрижен за предметот поврзан со законот за јазици и да сум интервенирал кај уставните судии избрани од СДСМ и ДУИ да внимаваат што прават бидејќи на тој начин можеле да ја дестабилизираат државата. Тоа е писмото, јавноста нека оцени дали тоа заслужува коментар, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред конференцијата „Блумберг Адрија“.

СВЕТ

ОДБРОЈУВАЊЕ, 7 дена до изборите во САД: Харис вечерва со клучен говор во Елипса паркот пред Белата куќа

Уште седум дена останаа до претседателските избори во САД, уште толку интезивна изборна кампања на двајцата кандидати, потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп.

И додека Трамп не престанува со засилена реторика на омраза, навреди, закани и исмејувања, од Харис се очекува до крај да остане на демократското ниво за кои се бори.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Чија е заслугата за проектот „Бехтел и Енка“ и како ќе се спроведува во иднина?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ова и не е многу зачудувачки, ако се земе предвид дека и  вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците во владата на Мицкоски, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ учествуваше во 2013 година на Безбедносен форум во Русија, каде обраќање имал и рускиот претседател Владимир Путин. Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека Стоиљковиќ бил во друштво на тогашниот директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, и сегашен министер за Русија во српската влада, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, пишува Драган Мишев во анализата „Остатоците од Отворен Балкан, закачени на српската локомотива – поставенa на колосекот кон БРИКС“.

*

„Во контекст на европскиот политички дремеж, мора уште еднаш да се нагласи долготрајноста и подмолниот карактер на руските хибридни операции. Руската хибридна агресија на европско тло се одвиваше и сѐ уште се одвива преку добро разработени мрежи кои вешто и ефикасно ги користат демократските стандарди и (да!) европските јавни пари – во своја корист. Тие со децении се вгнездуваат во демократските системи и го менуваат однесувањето на луѓето, најчесто користејќи ги токму јавните пари на даночните обврзници во демократските општества на Западот. Но тоа за Кремљ никогаш не било доволно“, пишува Џабир Дерала во анализата „Дремежот на политичките елити: Хибридната војна на Русија – закана што Европа не смее да ја игнорира“.

*

„Телефонски монолог за кој, не навлегувајќи во јазичните и интерпункциските недоследности во ова негово јавно обраќање, останува да се констатира дека во неговото казание има и една голема недореченост во делот каде што би требало да стои инфото за тоа што пак Бојко му реплицирал на нашиот премиер, дали софискиот соговорникот само понизно молчел и слушал или сепак имало дијалог па, прашањето во оваа една реченица, прашање во кое се насетува одговорот макар тоа премиеровиот соговрник го премолчел е идентичен како и досега дека без ЕУ друштвото, и од Борисов, и од било кој друг и други оттаму, и натаму ќе си добиваме корпи па затоа и ова телефонско рандеву додворување на македонскиот премиер кај бугарскиот претендент премиер е само уште едно – џабе“, пишва Зоран Иванов.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ