• Latest

Фуере за ЦивилМедиа: Најмалку што треба да направи Бугарија, откако ќе се внесе бугарската заедница во Уставот, е да го признае постоењето на македонско малцинство во Бугарија

October 30, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Фуере за ЦивилМедиа: Најмалку што треба да направи Бугарија, откако ќе се внесе бугарската заедница во Уставот, е да го признае постоењето на македонско малцинство во Бугарија

October 30, 2024 11:21
in АКЦЕНТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во ексклузивното за ЦивилМедиа, објавено на 26 октомври, Ерван Фуере зборуваше на повеќе теми клучни за ЕУ, Украина, западнобалканскиот регионот и Северна Македонија. Во разговорот, тој изрази оптимизам за „изразената заложба на новата влада да го продолжи – со обновена енергија – процесот на преговори за пристапување кон Европска Унија“.

Притоа, нашиот соговорник потсети дека „Европска Унија е најголем снабдувач на поддршка, финансиска помош за Македонија“, како и најголем трговски партнер на земјата. Според Фуере, „интересите на новата влада би требало да бидат да направи сѐ што е можно за зајакнување на тој однос и со тоа да ги почитува и исполнува сите реформи кои се бараат според Копенхашките критериуми“.

Во врска со билатералниот спор на Северна Македонија со Бугарија, Фуере има остар критички став за одговорноста на Европска Унија.

„Лично сметам дека Европска Унија ја третираше Северна Македонија многу неправедно, со сите пречки што беа поставени од поединечни земји членки, кои ја злоупотребуваат својата моќ на вето. По Грција, сега е Бугарија и тоа е жално, бидејќи тоа не ги почитува критериумите поставени од Европска Унија“, рече проминентниот европскиот дипломат и експерт во интервјуто за ЦивилМедиа.

Според Фуере, најмалку што треба да направи Бугарија, откако ќе се внесе бугарската заедница во Уставот на РСМ, е да го признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија.

„Би се надевал, а и сè уште се надевам, дека како знак на реципроцитет – во замена за внесувањето на амандманот во Уставот, со кој се признава постоењето на бугарско малцинство во земјата – Бугарија треба да ги почитува сите одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со кои се признава постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Ова би било минимум што би се очекувало од Бугарија, која е земја членка на Европска Унија од 2007 година“, изјави Фуере во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа.

Воедно, одговорот на Фуере упатува и на тоа дека политиката треба да се одвои решавањето на спорните македонско-бугарски разлики.

„Верувам дека Бугарите и Македонците, ако се сретнат надвор од политиката, ќе се согласуваат многу добро. Затоа, треба да создадеме клима која ќе им го покаже тоа на политичарите, особено на бугарската актуелна влада“, рече Фуере.

Според него, „она што се случи помеѓу Бугарија и Македонија е особено лошо, бидејќи ги покажува двојните стандарди на Европската Унија, и тоа ја слабее нејзината кредибилност“.

„А кој има корист од тоа? Секако, Русија. Тие се најголемиот актер во однос на дезинформациите и обидите за поткопување – на секој можен начин – на демократскиот процес во засегнатите земји и сите земји од Западен Балкан. Нивните активности се исклучиво насочени кон дестабилизација“, предупреди Фуере во интервјуто за ЦивилМедиа.

Според него, „Европска Унија мора да го разбере тоа многу посериозно“. Затоа, препорачува Фуере, „потребно е да се стави поголем акцент на динамиката на агендата за проширување на ЕУ, на Копенхашките критериуми, и да се избегне секоја ситуација која може да биде искористена од оние кои не сакаат Западен Балкан да се приклучи на Европската Унија, како што е, посебно, Русија на Путин“.

Ерван Фуере ќе учествува на големата меѓународна конференција на ЦИВИЛ „Одбрана на демократијата и човековите права“ на 12 декември.

Џ. Дерала

(ВИДЕО) Од Балканот до Брисел: Ерван Фуере за предизвиците на ЕУ, заканите од Русија и неизвесниот пат на регионот

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result