• Latest
Фото: Скриншот

24 ЧАСА: Избори во САД – Харис или Трамп; институционално вистинско системско решение за Ромите, во поглед на јазикот; иранската студентка Абоу Дариае синоним за слобода на жените, храброст и пркос

November 5, 2024
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025

Тајван го затвора последниот нуклеарен реактор

May 17, 2025
Фотографија: Скриншот

Мицкоски: 6 милјарди евра договор за стратешко партнерство, деталите и условите за инвестиции уште се договараат

May 17, 2025
Фотографија: Скриншот

Лосон: Ова не е партнерство само на хартија, туку на споделени вредности, но олеснување на визниот режим не е дел од договорот

May 17, 2025

Заедничка прес-конференција на Мицкоски и Лосон за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Избори во САД – Харис или Трамп; институционално вистинско системско решение за Ромите, во поглед на јазикот; иранската студентка Абоу Дариае синоним за слобода на жените, храброст и пркос

November 5, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Избирачките места отворени во повеќе од 20 држави, веќе гласале над 82 милиони Американци

Во САД денеска се отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните избираат шеф на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи, Камала Харис.

Повеќе од 82 милиони луѓе веќе гласаа.

Избирачките места се отворени во повеќе од 20 држави на истокот на САД, од вкупно 50 каде што ќе се отвораат постепено поради временската разлика.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде има мнозинство ученици од ромската заедница. Формирање на катедра на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ на кој ќе се предава ромскиот јазик и формирање на Институт во Скопје кој ќе го следи развивањето на истиот. Министерот за ресор, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на Ромскиот јазик, рече дека новата влада ќе се фокусира на зачувување на ромскиот јазик и идентитет.

РЕГИОН

Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа.

СВЕТ

Иранската студентка Абоу Дариае стана синоним за слобода на жените, храброст, пркос и отпор

Храброста на иранската студентка (како што ја претставуваат на социјалните мрежи) Абоу Дариае го освои светот. И покрај репресијата во Иран и опасноста по нејзиниот живот, таа одлучи да му пркоси на режимот и да ја бара својата слобода и почитување на правата на жените, со тоа што во знак на протест против насилно наметнување на носење бурка, шеташе во долна облека.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали на земјата ѝ се потребни двојни избори – парламентарни и локални – во 2025?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не е исклучено да се соочиме со серија од предвремени избори, како во времето на Груевски. Тоа е веќе испробан рецепт за долговечност на еден режим, кој гледаме дека редовно го користат и други авторитарни властодршци во регионот и пошироко. За предвремени избори има услови веќе во октомври идната, 2025 година, заедно со локалните избори, а добар изговор за тоа му даваат и дел од неговите коалициски партнери, а и релевантната опозиција. Во меѓувреме, може да си игра со Лего коцкички, да се богати себе си и партијата, да прави реконструкции на владата, да ротира ресори и коалициски партнери. За секој проблем или неуспех, вината ќе ја префрлува на „предавниците“, на кои, како што вети од говорницата во Собранието, „ќе им влеземе и ќе им ставиме лисици“.

Мицкоски е типичен авторитарен властодржец. За него се добредојдени кризни состојби, поларизација и тензии. Етничките тензии и национализмот се основно гориво за ваква власт“, пишува Џабир Дерала во колумната „Популизам, национализам и политичка корупција: Формулата на Мицкоски“.

*

„Ние како медиумска куќа и индивидуалци одговараме како пред јавноста за секој изречен збор или постапка, така и пред сите применливи домашни и меѓународни закони што ја регулираат нашата работа. Очекуваме тој прост постулат како премиса за постоење на елементарна правна држава да биде применлив и за сите други граѓани на државата, вклучително и функционерите и нивните „свиркачи“, без разлика дали станува збор за правосудство или друга сфера на нашето општество. Не сакаме да веруваме во познатата изрека на еден поранешен премиер на Кралството Југославија на почетокот на 20 век, кој изјавил: „Законите се за противници“, пишува Мирослав Јовановиќ во колумната „Држ‘те го крадецот“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ