• Latest
Мирослав Јовановиќ / Фото: Слободен печат

Држ‘те го крадецот

November 5, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Држ‘те го крадецот

Ние како медиумска куќа и индивидуалци одговараме како пред јавноста за секој изречен збор или постапка, така и пред сите применливи домашни и меѓународни закони што ја регулираат нашата работа. Очекуваме тој прост постулат да биде применлив и за сите други граѓани на државата, вклучително и функционерите и нивните „свиркачи“, без разлика дали станува збор за правосудство или за друга сфера на нашето општество.

November 5, 2024 15:01
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СТАВОВИ
Мирослав Јовановиќ / Фото: Слободен печат

Мирослав Јовановиќ / Фото: Слободен печат

Share on FacebookShare on Twitter

МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ

Кога сакате на јавноста да ѝ сервирате на прва топка лесно сварлива теза – леплива за народното уво и ум, вообичаено сензационалистичка, придружена со видео или фотографски снимки и грст шпекулации што наликуваат на третокласно сценарио за филм од Боливуд – ги поедноставувате нештата.

Во нашиов случај, тезата што ја соопштувате ја пласирате генерализирано, наведувајќи закони, институции, надлежности и слични фрази за да се стекне впечаток на сериозност, а мизансценот да биде комплетен – сето претходно наведено го проследувате со видеоснимка од „свиркач“ (за тоа подолу) што не остава простор за сомнеж кај оној што има помалку од десет мозочни клетки. За среќа, јавноста располага со повеќе нерв за процена и здраворазумско размислување – дали ѝ продавате рог за свеќа, или нешто друго. Кога таква збирштина од тези ја изрекува личност од позиција на висок функционер од правосудниот систем кој е, патем кажано, платен со народни пари, нештата добиваат сосема поинаква визура. Неубедливиот обид да се застраши нашиот медиумски систем и новинар во манирот на плашење на „мечка со дајре“ – предизвика резигнација и кај домашната јавност, ЗНМ, новинарскиот синдикат и дипломатскиот кор во земјава.

Применетата улична тактика „Држ‘те го крадецот“ – не го даде посакуваниот ефект. Темата за пропустите во правосудните органи – било да станува збор за судската, а особено за обвинителската фела (на разни нивоа) – станаа предмет од исклучителен јавен интерес. Тоа беше меѓу друго и темата што нашата новинарка ја иницираше, ја обработи и ја објави, а основа за тоа беше една од многуте пресуди – пресудата на Врховниот суд на нашата земја, каде што тие пропусти експлицитно се констатирани, а наведени во објавената статија на нашата новинарка. Накратко кажано, сторијата е изготвена врз основа на јавно достапни документи.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во рамките на своите законски надлежности, неодамна иницирал постапка за надзор на работата на сите јавни обвинители. За резултатите од надзорот е јавно ветено дека јавноста ќе биде запознаена со наодите од извршениот надзор (не е завршен и сè уште нема изготвен документ за тоа). Тој факт потврдува дека негативностите во работата на одделни обвинители или шефови во обвинителствата отишле дотаму што нивната фела тие нешта не може повеќе да ги „толерира“, што е за поздравување.

Ние и другите медиуми со нетрпение го очекуваме најавениот извештај, за кој се надеваме дека ќе биде достапен за пошироката јавност и објавен на транспарентен начин. Констатациите наведени во пресудата на Врховен суд KЗЗ-34/24 што се основа на новинарски текст не се државна тајна. Единствено, не ми е јасно дали некој на лековерниот „свиркач“ во меѓувреме му појаснил дека кутриов, во овој случај, не може да ја ползува законската заштита предвидена со Законот за заштита на укажувачи – како „укажувач“ (популарно наречен „свиркач“), туку дека станува збор за лице кое со тајно и неовластено снимање и проследување на таа снимка на трето лице „произвело“ материјал и сторило дејствие со кое би предизвикало можно основано сомнение за сторување/постоење кривично правен настан, потенцијално штетен за него и дека би бил предмет на прогон од надлежното ОЈО поради загрозување на низа права на нашата новинарка.

Ние како медиумска куќа и индивидуалци одговараме како пред јавноста за секој изречен збор или постапка, така и пред сите применливи домашни и меѓународни закони што ја регулираат нашата работа. Очекуваме тој прост постулат како премиса за постоење на елементарна правна држава да биде применлив и за сите други граѓани на државата, вклучително и функционерите и нивните „свиркачи“, без разлика дали станува збор за правосудство или друга сфера на нашето општество. Не сакаме да веруваме во познатата изрека на еден поранешен премиер на Кралството Југославија на почетокот на 20 век, кој изјавил: „Законите се за противници“.

Во не така далечното минато, нашата држава доби епитет на „заробена држава“, каде што главниот „свиркач“ беше компјутерската скаламерија за прислушување на граѓани; сакаме да веруваме дека тоа ќе остане само сеќавање на темното минато, а голема улога за тој „афирмативен“ квалификатив има правосудството и оттаму воопшто не зачудува фактот дека довербата на граѓанството во правосудството изнесува 2%. Познатиот полски писател и афористичар Станислав Јежи Лец често ги допирал темите врзани за правдата, моралот и апсурдите на правните системи. Во една пригода напишал: „Законот е често покритие за моќниците да прават што сакаат; законите се како пајажина, на која може да се фатат малите муви, но дозволува осите и стршените да се пробијат“.

Ние, граѓаните на Македонија ќе ја симнеме оваа тема од дневен ред тогаш кога довербата во нашето правосудство заеднички ќе ја зголемиме барем за четириесет пати. Дотогаш, ќе бидеме на фронтот на одбрана на сите граѓански слободи и права, вклучително правата и слободите на новинарите и на јавната реч.


Авторот е медиа директор на „Слободен печат“. Текстот е личен став на авторот. Преземено од Слободен печат.
Tags: врховен судМедиумиОЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ