Висок советник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп вели дека идната администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, наместо да ѝ овозможи на земјата да си ја врати територијата окупирана од Русија.
Брајан Ланза, стратег на републиканската партија, изјави за Би-Би-Си дека администрацијата на Трамп ќе побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски негова верзија за „реална визија за мир“.
„И, ако претседателот Зеленски дојде на масата и рече, добро можеме да имаме мир само ако го имаме Крим, тој ни покажува дека е несериозен“, „треба да заборави на Крим, рече советникот на Трамп.
А.М.