• Latest

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Институциите во една држава-членка на ОН имаат обврска да ги промовираат и почитуваат принципите на толеранцијата

November 16, 2024

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Институциите во една држава-членка на ОН имаат обврска да ги промовираат и почитуваат принципите на толеранцијата

November 16, 2024 11:41
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ ги повикува државата, институциите, граѓанското општество и медиумите активно да придонесуваат кон градење на културата на дијалогот, мирот и ненасилството, да ги прифатат и уважуваат различностите како богатство, и максимално да ги почитуваат универзалните човекови права и слободи. Државите, политичките и други центри на моќ, кои ги кршат човековите права, спроведуваат насилство и водат војни треба да се сопрат и да се соочат со одговорност за сторените злосторства.

Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на изразување и начини да се биде човек. Дел од принципите на толеранцијата е и признавање на универзалните човекови права и слободи.

Сите актери во општеството и во државата (членка на ОН) имаат обврска да покажат максимална волја и да преземат конкретни акции за обединување на различностите независно од етничките, верските и расните разлики, политичките убедувања, социјалната положба и сексуалната ориентација.

Во 1996 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 51/95 со која 16 ноември се прогласува за Меѓународен ден за толеранција.

Оваа резолуција уследи по усвојувањето на Декларацијата за принципите на толеранцијата од страна на земјите-членки на УНЕСКО на 16 ноември 1995 година.

Меѓу другото, Декларацијата потврдува дека толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност.

Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на изразување и начини да се биде човек. Дел од принципите на толеранцијата е и признавање на универзалните човекови права и слободи.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги негуваат солидарноста, взаемното разбирање и да ги почитуваат различностите во секојдневната комуникација и во воспитувањето на младите генерации.

Институциите во една држава-членка на ОН имаат обврска да ги промовираат и почитуваат принципите на толеранцијата и да ги соопштуваат резултатите од своите политики и практики предвидени со Декларацијата за принципите на толеранцијата и Резолуцијата 51/95. 

По повод Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува меѓународните институции и организации, да стават крај на насилствата и војните со воспоставување праведен мир, со спроведување на меѓународното право во целост. Државите што спроведуваат агресија и воени злосторства треба да се соочат со полната сила на меѓународната правда, а не да ги узурпираат и да уживаат во привилегиите на меѓународните организации, како што тоа го прави Руската Федерација и други држави во светот.

Институциите во една држава членка на ОН имаат обврска да ги промовираат принципите на толеранцијата и да ги соопштуваат резултатите од своите политики и практики предвидени со Декларацијата за принципите на толеранцијата и Резолуцијата 51/95. 

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е простор за изразување на слободната мисла, независно од каква било општествена или политичка ориентација или било каква припадност. Социјалните мрежи се јавен простор на кој граѓанките и граѓаните можат слободно да си ги искажат своите ставови околу одредена тема што е објавена на медиумските платформи на ЦИВИЛ. Но кога тоа се прави без основно почитување на различното мислење, со навреди, говор на омраза, клевети и нетолеранција кон различното, тоа е надвор од секаква конструктивна дебата и достоинствен дијалог.

ЦИВИЛ ги почитува, застапува и промовира универзалните човекови права и слободи, а со тоа и принципите наведени во Декларацијата за толеранција, од самото основање пред 25 години.

ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ