• Latest

Хидробиолошкиот завод научно да објасни зошто растенијата мирисаат на нафта?!

February 16, 2017

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хидробиолошкиот завод научно да објасни зошто растенијата мирисаат на нафта?!

February 16, 2017 15:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Не станува збор за нафтена дамка во Охридското Езеро ниту за мрсни материи, туку за присуство на растителен материјал – делови од водни растенија и кончести алги, кој при разградбата ја губи зелената и преминува во кафено-жолтеникава боја“, соопшти охридскиот Хидробиолошки завод, како одговор на објавените фотографии со црната дамка што пред неколку дена се појави во водите на Охридското езеро на самиот охридски кеј.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Драгана Велковска од Охрид СОС, организација која ги објавија фотографиите.

„Според соопштението на Хидробиолошкиот завод, тие направиле анализа која покажала дека се работи за растенија што гнијат и алги. Ние би сакале да ги објават тие податоци, сите документи кои ги имаат, затоа што секоја анализа треба да е документирана и да кажат-  како е можно растенија кои гнијат да мирисаат на нафта најмалку еден месец и да делуваат како мрсна флека од нафта. Сакаме научно да ни објаснат како е можно да се случи тоа“, вели Велковска.

„Ние ќе се консултираме со меѓународни експерти, каково е нивното мислење, дали постои таква состојба во светот каде гниење на растенија и на алги – мириса на нафта. Кога ќе имаме информации од нив, ќе ја известиме јавноста. Ние не тврдиме ниту дека истражувањето е соодветно, ниту дека не е, но сакаме детални информации затоа што тоа е работа на Хидрометролошкиот завод,  да известува објективно и стручно, во интерес на вистината пред сé“, истакна Велковска, која вели дека „Охрид СОС“ ќе продолжи да ја следи состојбата и во следниот период.

Претходно, од „Охрид СОС“, апелираа и дека на Охридскиот регион му се заканува да биде впишан на Листата на УНЕСКО – на светско наследство во опасност,  поради плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот А3, автопатот А2,  Железничкиот коридор VIII и изградбата на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин.

На 1-ви февруари истече рокот што УНЕСКО го постави за Македонија – да достави извештај за статусот на конзервација и за чекорите преземени за спроведување на препораките во случај на потенцијална опасност за природните и за културните добра на Охридскиот регион.

„Ден пред истекот на рокот, ние ги прашавме надлежните дали го испочитувале рокот, но официјален одговор не добивме. Имаше само неофицијални информации дека е продолжен рокот, но за колку време, и дали е испочитуван и вториот рок, не знаеме.  Очекуваме информација кога ќе стигне мисијата на УНЕСКО којашто треба да прави анализи. Претпоставуваме дека е задолжително, претходно да ги имаат исполнето сите обврски, во спротивно, има опасност – Охрид и Охридското Езеро, од наредната година да се најдат на Листата на УНЕСКО на светско наследство во опасност“, посочува Велковска.

Марија Теговска

Tags: Листа на светско наследство во опасностнафтаОхрид SOSОхридско ЕзероУНЕСКОХидрометролошки заводЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ