• Latest

24 ЧАСА: ЦИВИЛ 25 години во одбрана на човековите права, демократијата и еднаквоста; За Западен Балкан единствено решение е Европска Унија и НАТО; се степаа пратениците во српското Собрание

November 25, 2024
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ 25 години во одбрана на човековите права, демократијата и еднаквоста; За Западен Балкан единствено решение е Европска Унија и НАТО; се степаа пратениците во српското Собрание

November 25, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ – Центар за слобода одбележува 25 години одбрана на човековите права, демократијата и еднаквоста

Денеска се одбележува значајна пресвртница во историјата на ЦИВИЛ – Центар за слобода: 25 години непоколеблива посветеност на одбраната на човековите права, заштитата на демократијата и спротивставувањето на омразата, лагите и пропагандата.

Помина четвртина век од нашето основање. За тоа време испорачавме над сто успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички дијалог и еден од темелите на општествениот дискурс.

Нашето патување е далеку од завршено, и ние со нетрпение ќе се соочиме со уште поголемите предизвици, но и достигнувања што се пред нас.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Меџити: Утре донација од шест електрични автобуси на ЈСП и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините

„Урбаниот транспорт е еден од главните фактори за аерозагадувањето, затоа утре шест електрични автобуси ќе бидат донирани на Градот Скопје, односно на ЈСП, додека пред одлука сме Владата да купи 100 до 120 електрични автобуси кои што потоа ќе бидат донирани на јавниот транспорт по општините“, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

РЕГИОН

Се степаа пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание, седницата прекината

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода.

СВЕТ

Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година

Советот на ЕУ денеска го одобри Предлог-буџетот на Европската Унија за 2025 година, кој беше усогласен меѓу претставници на Европскиот парламент и на земјите членки на 16 овој месец.

Со договорот, вкупните обврски на Унијата во годишниот буџет се утврдени на над 199,4 милијарди евра, а вкупните исплати на нешто повеќе од 155,2 милијарди евра. Дополнително, 800,5 милиони евра се наменети за реагирање на непредвидливи потреби.

ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Аднан Капо, Институт за геополитика, економија и безбедност, Сараево: За Западен Балкан единствено решение е Европска Унија и НАТО

Со изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави, многу политички структури на Западен Балкан здивнаа со надеж дека ваквиот пресврт во демократската Америка, позитивно ќе влијаат на нивната ориентација кон Исток.

Во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа, директорот на Институтот за геополитика, економија и безбедност од Сараево, БиХ, Аднан Капо, се осврна на неколку клучни прашања кои се однесуваат на Босна и Херцеговина, за регионот и, се разбира за глобалните прашања, директно и индиректно поврзани со одлуката на Американците за „Америка на прво место“.

Д. Муратов
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ