• Latest

СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО: Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија

November 30, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО: Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија

November 30, 2024 14:52
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 30 ноември 2024

Македонската невладина организација ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИУМСКИ ДИЈАЛОГ / Youth4Media од Северна Рајна-Вестфалија (NRW) организираат меѓународна конференција на 11-ти и 12-ти декември 2024 година под наслов „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ во државата партнер на NRW, Северна Македонија, објави владината веб страница на Северна Рајна-Вестфалија.

„Државната влада на Северна Рајна-Вестфалија (NRW) ја поддржува оваа важна меѓународна конференција. Настанот е дел од Неделата за човекови права на NRW, која вклучува различни формати на оваа тема. Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија се поврзани како земји партнери од 2021 година“, се вели понатаму во официјалното соопштение.

На владината страница на NRW на германската публика ѝ се откриваат неколку детали за конференцијата во Скопје.

„Конференцијата ќе собере водечки експерти, креатори на политики, претставници на граѓанското општество и новинари од различни европски земји и од САД за да се осврнат на актуелните закани за демократијата и човековите права ширум светот. Бидејќи слободниот свет се соочува со нови и зголемени предизвици за основните демократски вредности, стандарди и практики – од ескалација на конфликти и пораст на национализмот до подемот на авторитарните режими – оваа конференција ќе биде важна платформа за споделување согледувања и давање препораки“, стои во соопштението објавено на владината веб страница на Северна Рајна-Вестфалија.

Понатаму, во соопштението се истакнува дека фокусот на овој голем меѓународен настан во Скопје, е на заштита на човековите права, демократската отпорност и слободата на медиумите. Во двата дена се одржуваат панел дискусии, работилници и формати за вмрежување.

Исто така, во соопштението се промовира и дека заинтересираните можат да го следат настанот онлајн, со линк во живо на официјалната веб страница на конференцијата: https://defendingdemocracy.civilmedia.mk/.

Во соопштението се открива и дека Министерот за Европа на Северна Рајна-Вестфалија, Лимински, ќе го отвори главниот ден на настанот на 12 декември со видео обраќање.

ЦИВИЛ & MEDIA DIALOGUE / Y4M

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ