• Latest

24 ЧАСА: Владата без јасен став за предлогот на Фискалниот совет; ССМ предлага предвремено пензионирање; Либан бара Израел да го почитува примирјето; се шири блокадата на факултетите во Белград

December 3, 2024
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Владата без јасен став за предлогот на Фискалниот совет; ССМ предлага предвремено пензионирање; Либан бара Израел да го почитува примирјето; се шири блокадата на факултетите во Белград

December 3, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата не размислува за пензионирањето на 67 години

Владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Владата размислува како да ја пополни дупката во Фондот за пензиско осигурување. Таа не прецизираше дали се разгледува и другата мерка, предложена од Фискалниот совет, за постепено зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница

„Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи!  И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се дел од работниците, а на штета на работниците.

Напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање, само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд, на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале“, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов Трендафилов.

СВЕТ

Либан ги повика САД и Франција да извршат притисок врз Израел да го почитува примирјето

Либанските власти ги повикаа Вашингтон и Париз да извршат притисок врз Израел да го почитува договорот за прекин на огнот, откако израелските напади и ракетите на Хезболах повторно го прекршија примирјето во јужен Либан.

Привремениот либански премиер Наџиб Микати и претседателот на парламентот Набих Бери им се обратија на американските и француските официјални лица за ескалацијата на тензиите, наведувајќи дека прекинот на огнот „ослабнал“ помалку од една недела откако стапи на сила.

РЕГИОН

Се шири блокадата на факултетите во Белград

По вчерашната блокада на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Ректоратот на Белградскиот универзитет, на Филозофскиот, Филолошкиот факултет, Факултетот за драмски уметности и Природно-математичкиот факултет во Белград, денес на блокадите им се приклучија и студентите од Архитектонскиот факултет, Факултетот за физичка хемија и Факултетот за политички науки.

КОЛЕГИУМ

Ексклузивни информации и политички коментари без пардон: КОЛЕГИУМ 7

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за поместувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години?

Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

 25 ГОДИНИ ЦИВИЛ

Во пресрет на големата меѓународна конференција „ Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна“

ЦИВИЛ ја лансира веб страницата DefendingDemocracy во состав на интернет весникот ЦивилМедиа. Веб страницата се креира по повод големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што ќе се одржи во Скопје, 11 и 12 декември.

Новата интернет платформа на ЦИВИЛ е на англиски јазик, со линкови до сите содржини на македонски и албански. На располагање е новата рубрика ДЕМОКРАТИЈА (линк) на македонски, односно DEMOKRACI (линк) на албански, специјално посветени на Конференцијата, како и на сите резултати што ќе произлезат од овој значаен меѓународен настан.

АНАЛИЗА

„Што се однесува до „Македонија и ЕУ“ или „Рамката и бугарската блокада“, таа тема, освен тука и таму на по некое телевизиско интервју и тоа на водителско прашање, бугарските партиски лидери предизборно па и постизборно, не ги ни спомнуваат. На темата нивните ставови се идентични – нема отстапки, нема промена на утврдениот преговарачки формат посебно не по отстапката што со редизајнираната т.н. Француска рамка ги направи претходниот состав на бугарскиот парламент.“, пишува Зоран Иванов во анализата „Бугарија: Седми последователен постизборен политички ќорсокак“.

СЛОБОДАН ЗОНА

„Дали ќе опстанеме како заедница и држава која функционира, зависи од храброста да се зафатиме со реформите и тоа во сите сегменти. Оној политичар што ќе има храброст да раководи со овие процеси треба да се стави на највисокиот пиедестал во историјата. Веројатно современиците ќе го  крстат со погрдни имиња, ама како и во хирургијата ако не се отстрани заболеното ткиво ќе пропадне организмот, а лекарот треба да го лечи, а не да го одржува по секоја цена во постела.“, Војо Маневски во колумната „Можни ли се реформи во нашето правосудство?“.

 

 

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ