Фискалниот совет иницираше поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години и ваквиот предлог е веќе испратен во Собранието. Измената се предлага да стапи на сила во 2026 година и да важи и за мажите и за жените.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за поместувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа