• Latest

24 ЧАСА: Уапсени 18 лица, од кои четворица завршија зад решетки за инцидентите со знамињата; и во Србија предложен закон за странски агенти; ЦИВИЛ – 25 години демократски бренд за безгранична слобода на мислата

December 4, 2024

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Уапсени 18 лица, од кои четворица завршија зад решетки за инцидентите со знамињата; и во Србија предложен закон за странски агенти; ЦИВИЛ – 25 години демократски бренд за безгранична слобода на мислата

December 4, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Уапсени се 18 лица, четворица се во притвор за инцидентите за Денот на албанското знаме

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по денешната билатерална средба со неговиот босански колега Ненад Нешиќ.

Тошковски упати апел за разум и мудрост, и порача дека МВР одлучно ќе одговори против сите коишто ќе се обидат да го погазат достоинството на граѓаните на Македонија, без оглед дали станува збор за сквернавење на државен симбол на Македонија или на која било соседна земја. Изрази надеж дека станува збор за изолирани случаи, со оглед на тоа дека сторителите на кривичните дела биле млади луѓе, но како што рече „не ми личи за таква работа“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Руте: Русија и Кина се обидуваат да ги дестабилизираат државите на НАТО преку саботажи

– Русија, но и Кина, се обидуваат да ги дестабилизираат државите на НАТО преку акти на саботажа, кибер криминал и се разбира, исто така, со обидите за користење на енергијата како оружје, истакна Руте пред почетокот на министерскиот состанок на кој учествува и шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

РЕГИОН

САД со критика за предложениот закон за странски агенти во Србија

САД изразија длабока загриженост за потенцијалното влијание на предложениот закон за странски агенти во Србија врз демократијата, човековите права и основните слободи, вклучувајќи ги слободата на изразување и здружување, се наведува во изјавата на портпаролот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Предлог-законот беше поднесен од пратениците на Социјалистичкото движење, чиј основач е вицепремиерот Александар Вулин, а предвидува регистрација на сите здруженија и непрофитни организации кои се финансирани од странство.

СВЕТ

Во Грузија се засилуваат проевропските протести

Деновите на протести ја потресоа Грузија по контроверзната одлука на владата да го одложи обидот на поранешната советска земја да се приклучи на Европската унија. Тензиите се создаваат со месеци во јужнокавкаската држава со 3,7 милиони жители, каде што критичарите ја обвинуваат владејачката партија Грузиски сон дека следи се поавторитарни, проруски политики во одвраќање од Западот што ги ублажи надежите за долго ветениот пат на Грузија. за членство во ЕУ.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за црвените линии на Мицкоски?

;

СЛОБОДНА ЗОНА

ЦИВИЛ – 25 години

Зоран Иванов за ЦИВИЛ: Демократски бренд за безгранична слобода на мислата

Во катадневните свои битки за мир, за еднаквост на луѓето, за правда и правичност за секого и за сите, ЦИВИЛ беше и останува конкурентен демократски бренд на македонскиот и на меѓународниот јавен простор.

Веќе четврт век, ЦИВИЛ е најшироката овдешна платформа, терен за демократија, за севкупен општествен просперитет, за другарство и солидарност, за држава на еднакви луѓе.

Со својата упорност ама и со својата уникатна инаетливост, Дерала и Тимот на ЦИВИЛ, и во спокој и во неспокој, без задршка, без миг дилема и колебливост, опстојуваат врз својот базичен принцип – Безгранична Слобода за Мислата.

На Кормиларот Џабир и на Тимот на Цивил им посакувам ОД до 100. ЦИВИЛ, Честит 25-ти јубилеен РОДЕНДЕН!

Тони Поповски за ЦИВИЛ: Упорни во мисијата за изградба на толерантно, слободно и прогресивно општество кое силата ја црпи во различностите

За мене ЦИВИЛ останува едно од ретките и примерни здруженија на граѓани кај кои може да се забележи впечатлива конзистентност и упорност во спроведувањето на мисијата за изградба на толерантно, слободно и прогресивно општество кое силата ја црпи во различностите.

ЦИВИЛ го заслужува своето име бидејќи го одликува цивилност во размената на аргументи, конструктивност но и храброст да се влезе во пожестока полемика со влијателни центри на политичка моќ, бранејќи ги вредностите и начелата за кои се залага, а кои се втемелени во нашиот Устав и повелбите на ЕУ и ООН.

Патувањето на ЦИВИЛ продолжува, и на тоа патување може да сметаат на моја безрезервна поддршка.

Честитки за годишнината на ЦИВИЛ.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ