• Latest
Натанаел Лимински, Северна Рајна Вестфалија на конференцијата „Одбрана на Демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 година

Натанаел Лимински, премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Германија: Никогаш до сега не било толку итно како денес да поработиме на темите демократија, медиуми и човекови права

December 12, 2024

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Натанаел Лимински, премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Германија: Никогаш до сега не било толку итно како денес да поработиме на темите демократија, медиуми и човекови права

December 12, 2024 10:27
in ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Натанаел Лимински, Северна Рајна Вестфалија на конференцијата „Одбрана на Демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 година

Натанаел Лимински, Северна Рајна Вестфалија на конференцијата „Одбрана на Демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 година

Share on FacebookShare on Twitter

Натанаел Лимински, министер за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија и шеф на државната канцеларија, ја отвори онлајн големата меѓународна конференција на ЦИВИЛ-Центар за Слобода во соработка со Медиа ДИАЛОГ/ Y4M  „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.

„Мојот срдечен поздрав денес го упатувам кон нашата земја партнер Северна Македонија. Минатата година го имав тоа задоволство да го посетам Скопје и да разговарам со многу луѓе. Денес, за жал, не сум во можност да бидам лично присутен. Темите  кои сакате  да ги разгледате соочите, ме засегаат не само мене, туку и многу луѓе во Северна Рајна –Вестфалија како и цела Германија.“, ги поздрави учесниците на Конференцијата Натанаел Лимински од Северна Рајна Вестфалија.

Демократијата и човековите права во услови на војни, национализам и авторитарни сили во подем

Под овој долг и важен наслов, денес ќе разговарате за многу клучни прашања од денешницата. Овие теми се приоритетни како во Северна Македонија, така и во Северна Рајна-Вестфалија, особено на оние места во светот каде што во моментов се војува.

Места каде демократските вредности и човековите права не се почитуваат и каде што цивили , жени, дури и деца поради тоа плаќаат со нивната слобода и живот. Во Северна Рајна-Вестфалија ја започнавме иницијативата: ,,Недела на човекови права.’’, која се одржува низ целата земја неколку дена околу 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Манифестации од различни организатори во мојата земја се посветени исклучиво на темата човекови права, посочува Лимински.

На овој настан, лица кои страдале, жртви, активисти, научници, како и политичарите и новинари го искажуваат своето мислење. На денешната конференција во Скопје, со помош на извонредните организатори, вие во Северна Македонија давате особен придонес кон Неделата на човекови права и пошироко. Јас лично сум многу среќен поради тоа.

Партнерството помеѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вествалија постои веќе добри три години. Целта е да се воспостават и зајакнат блиските односи помеѓу владите, но особено помеѓу луѓето во нашите земји .

Со таа цел, во последните три години започнавме заеднички проекти во многу области, како на пример во економијата и дополнителната едукација, преку организирање на пракса за апсолвенти. Реализиравме проекти за зајакнување на квалификувано и отпорно новинарство и ја започнавме нашата соработка помеѓу двете наши министерства за внатрешни работи.

Освен тоа, активно го поддржуваме воспоставувањето на врските помеѓу македонските и германските општини за изградба на локални врски. Во рамките на ова партнерство и Неделата за човекови права, ние како дел од владата на Северна Рајна-Вестфалија со задоволство ја поддржуваме оваа денешна конференција.

Со оглед на состојбата во светот и со осврт на нашето опкружување, се подразбира дека оваа конференција се одржува токму на време. Никогаш до сега не било толку итно како денес да поработиме на темите демократија, медиуми и човекови права.

Би сакал да ви се заблагодарам што успеавте денес да организирате присуство на голем број експерти во Скопје и виртуелно присуство. Ќе ги следам резултатите и заклучоците што ќе ги донесете. Ви посакувам на сите успешна размена на информации и многу успех во следните неколку часа, особено во спроведувањето на стекнатите сознанија.

Срдечен поздрав од Дизелдорф.

 

Натанаел Лимински, роден 1985 година, е министер за федерални, европски, меѓународни прашања и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија од 2022 година, а шеф на државната канцеларија од 2017 година. Претходно ја вршел функцијата на  парламентарен директор на пратеничката група на ЦДУ во државниот парламент. Лимински студирал историја, политички науки и јавно право во Бон. Оженет е и има четири деца.

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.

Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ