• Latest

24 ЧАСА: Потерница по Груби и Бајрами; ќе се покачи струјата во домаќинствата; Косово и Србија конечно постигнаа заеднички договор

December 18, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Потерница по Груби и Бајрами; ќе се покачи струјата во домаќинствата; Косово и Србија конечно постигнаа заеднички договор

December 18, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МВР распиша меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена.

Двете лица се недостапни за органите на прогонот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Во првиот блок, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 денари, зголемувањето ќе има зголемен трошок од 21 денар, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

РЕГИОН

Косово и Србија склучија договор за расветлување на судбината на 1.600 исчезнати лица за време на војната

Претставниците на Косово и Србија на трипартитната средба во Брисел се договорија целосно да се спроведе заедничката изјава за исчезнатите лица за време на војната. Средбата беше со посредство на пратеникот на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак. Заедничката изјава за исчезнатите лица е дел од договорот меѓу Косово и Србија постигнат минатата година во Брисел и во Охрид, Северна Македонија, пренесуваат косовските медиуми.

СВЕТ

Резолуција на Генералното собрание на ОН: Русија ги крши човековите права на окупираните територии во Украина 

Генералното собрание на Обединетите нации (УНГА) усвои ажурирана резолуција со наслов „Состојбата со човековите права во привремено окупираната Автономна Република Крим и градот Севастопол, Украина“.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за прекинот на водоснабдувањето на Скопје во сабота?

Големата конференција на ЦИВИЛ и МЕДИА ДИАЛОГ / Y4M во домашниот и странскиот печат

ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со МЕДИА ДИАЛОГ / Y4M (Северна Рајна Вестфалија, Германија), на 12 и 13 декември 2024 година во Скопје одржаа голема меѓународна конференција на тема „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.

Конференцијата предизвика голем интерес кај нашите медиуми, но и кај медиумите во регионот, особено во Босна и Херцеговина, кои најголемо внимание посветија на говорот на претставникот на Босна, Адмир Лисица.

Конференцијата беше пренесувана и на медиумите во Германија.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ