• Latest

24 ЧАСА: Нема бесплатен превоз за студентите; „влечкањето“ на ЕУ со проширувањето може други да ја пополнат празнината; екстремната десница се храни со негативност

December 19, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Нема бесплатен превоз за студентите; „влечкањето“ на ЕУ со проширувањето може други да ја пополнат празнината; екстремната десница се храни со негативност

December 19, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Студентите на милост и немилост – ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Со години велиме дека проширувањето е геополитичка неопходност. Сепак, во последната деценија изгубивме повеќе членки, отколку што добивме. Поентата ми е дека ако продолжиме „да се влечкаме“, тогаш не треба да бидеме изненадени ако другите се вмешаат за да ја пополнат празнината, порача претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното денешно учество на Самитот на ЕУ во Брисел.

СВЕТ

Руската пропаганда шири лажни тврдења дека Европскиот парламент ја обвинува Украина за злосторства врз сопствените деца

Разобличување на руските пропагандисти кои манипулираат со говорот на поранешниот холандски европратеник поврзан со проруската партија Форум за демократија (ФВД), во анализата на Андриј Оленин објавена на Укринформ.

ИНТЕРВЈУ

Роџер Касале: Екстремната десница се храни со негативност – мора да градиме позитивни, конструктивни емоции

Роџер Касале (Roger Casale), еден од основачите и движечка сила зад Нови Европејци, има истакната кариера што опфаќа бизнис, академија и политика, како во Обединетото Кралство, така и на меѓународно ниво. Тој е магистер по меѓународни односи, со студии на Brasenose College, Оксфорд, и на Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс.

На 11 и 12 декември 2024 година, Касале учествуваше како истакнат панелист на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во Скопје, Северна Македонија.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе се одрази поскапувањето на струјата на стандардот на граѓаните?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Битката за ЕУ не е во гледалиштето или на трибините туку е на сцената или на теренот па, оттука, и ДПМНЕ и Мицкоски треба да не дремат во публиката туку да се симнат на теренот каде што имаат две силни алатки да се спротивстават на евентуални натамошни бугарски шовинистички уцени и тоа, првата, да ги замрзанеме и, втората, ако дотаму дојде, дури и да ги напуштиме ЕУ преговорите па, и поради овие несоборливи факти, доста со плачки и доста со блефови туку ајде истрчајте на жешкиот ЕУ терен каде што се губат битки ама каде што единствено и можат да се добијат, пишува Зоран Иванов.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ