• Latest
Војо Маневски

Ништо не трае вечно, па ни популизмот: Образована генерација не смее да ги трпи единичарите

December 21, 2024

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ништо не трае вечно, па ни популизмот: Образована генерација не смее да ги трпи единичарите

December 21, 2024 11:40
in ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Ниту една состојба не може да трае долго, а во свото постоење да не изроди причини која ќе ја доведат до нејзиниот крај. Дијалектичка законитост или напросто дел од човечката природа, што ја одредува неговата заедница. Не знам дали некој дал одговор на оваа дилема, ама изгледа наидува на потврда. Особено потврдата е јасна за некој како мене што долго време се труди да најде некаква смисла на општествените токови.

Да не се заглавам во филозофски растргнати мисли ќе се обидам да ви пренесам неколку впечатоци од студентското движење во соседна Србија. Денес имав шанса да проследам еден од состаноците на студентите во салата на Правниот факултет во Нови Сад. Тие состаноци ги нарекуваат пленуми, а студентите сами ги поставуваат темите и дискутираат околу нив. Како што доликува на младоста неисцрпна е нивната енергија и желба да го менуваат светот. Не е тоа ништо ново. Секоја генерација го има истиот порив. Инаку на што би се сеќавале од младоста и што би била нивна генерациска естетика, па дури и идеологија?

Слушам и искрено ми е драго за темите кои ги поствуваат и зрелоста на нивнатата дискусија. Како прво тие знаат што не сакаат. Да, да, не сакаат да ја трошат младоста и својата надеж притиснати од популистички политики за спуштање на сите вредносни стандарди. Еден млад студент едноставно вели:

-Не сакам иднината да ни ја кројат оние што во средно седеа во последна клупа и од факултет имаат одење по купените дипломи. Има ли во локалните, па и државните раководства на сегашната владејачка партија некој што бил прв во својот клас или бил меѓу првите? Има ли во партиските раководства првенци на генерациите на факултет? Има ли во партиите, партиски функционери кои без партијата се препознатливи по некаков успех за почит? Добрите студенти се посебни и тие не сакаат да се дел од маса или таму каде што нивната индивидуалност не се препознаа. Нив треба да ги мотивираме да се ангажираат за напредок на државата. Вака останува простор за оние што имаат потреба од закрила на масата и мнозинските гласови. Е затоа тие се министри и директори и затоа ни паѓаат тераси врз недолжни граѓани. Затоа за нас нема место во ова општество, па мораме шансата да ја бараме по светот. Ако веќе се трудиме да бидеме образувана генерација не смеат со нас да владеат „кецарошите“!

Студентка од некој од техничките факултети има интересен заклучок.

– Велиме, тие што ќе се образовани и способни лесно ќе најдат место во белиот свет. Тврдам дека не е така, вели таа. Јас овде се трудам да стекнам знаење што ќе ми биде основа за натпреварот во мојата струка. Да, да, колеги, ама ако квалитетот на образованието постојано паѓа и се прилагодува на популистичките политики која е мојата шанса да успеам во тој натпревар со студенти од оние факултети каде само трудот, талентот и конечно наученото се признава. Па дури и ова што овде го стекнуваме поради сликата за нашето образование и сликата за нашите политичари како корумпирани популисти тешко се признава. На меѓународна обука на која мислам дека можам успешно да се носам со другите учесници ме прашуваа како сум го стекнала знаењето. Како тоа да е нешто што може да се купи или позајми за еднократна употреба. Знаете ли зошто почитувани пленумци? Затоа што кај нив дипломата е доказ кој не се преиспитува и зад неа стои авторитетот на универзитетот на кој студираш. Ме сомничат како да сум крадец затоа што доаѓам од земја за која слушнале дека со неа владеат националисти и популисти а дипломите се купуваат или се добиваат како награда за партиска припадност.

Еден од професорите им прави историска реминисценција на студентските движења, давајќи им значење на пресвртница.

– Вие сега не се борите само за свое место во општеството, туку и за оние што после вас ќе станат студенти. Така се случило 68-та и 96-тата . После вашето осознавање како фактор во општеството ништо нема да биде исто. Кога дувне ветерот бргу ја носи прашината.

Голем впечаток ми остави студент кој го цитираше Алан Форд:  Неспособните имаат голема способност да ги направат способните неспособни.

Не сакам да ги вреднувам нивните дебати ниту да правам споредба со нашите состојби, ама само да прашам:

Кои се вашите идеали мои млади сограѓани?

За кои идеали сметате дека треба да се жртвувате ?

Задоволни ли сте што судбината на земјава им ја препуштате на слабите ученици или студенти? Не се тие виновни што ги завземаат местата кои според знаењето им припаѓаат на добрите и најдобрите.

Задоволни ли сте од знаењето и дали тоа ви дава добри можности во светот на натпревар на знаење, труд и способност?

Јас само поставувам дилеми, а одговорите сами ќе си ги најдете зошто од нив зависи вашата иднина. И вашата материјална состојба ако тоа ви е идеалот.

Во Хрватска имаше студентски протест за поквалитетно образование за да им бидат достапни на дипломираните студенти работните места во ЕУ со повисоки плати и нудат подобра кариера.

Во Србија студентите сакаат да ја променат целата популистичка клима, зошто како што велат, ги гуши повеќе од загадениот воздух.

Студентите во Албанија се во постојани превирања, обидувајќи се да бидат јасен чинител на општеството. Од затворена држава и систем, преку низа на популистички влади денес веќе се потпираат на своето знаење и се подготвуваат за европскиот натпревар во туризам, енергетика или побрз развој на нивната држава.

За Грција да не зборувам. Таму студентите својот глас го дигаат и кога се работи за новинарски натпис. Мислат дека не се преодна класа во општеството, туку негова иднина.

За крај ве охрабрувам, иднино наша! Побунете се против сите кои ја ограничуваат вашата иднина заради нивната комотна сегашност! Бунете се менувајте го светот затоа што, ако не сте во матицата ќе бидете на крајот каде секогаш е матната и нечиста вода.


Текстот е личен став на авторот

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Нови СадобразованиепопулизамстудентиСтудентски протести
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ