• Latest

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемскиот период

December 26, 2024

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемскиот период

December 26, 2024 11:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40 отсто над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

Гувернерката, како што информира Народна банка, нагласи дека и покрај бројните предизвици НБ преку своите мерки успеа да ја одржи макроекономската стабилност, како и стабилноста на курсот на домашната валута во однос на еврото. Говорејќи за нивото на девизните резерви, како главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, гувернерката посочи дека тоа е значително повисоко во однос на претпандемичниот период и нагласи дека тоа се должи на постојаниот откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар во изминатите две години, во услови на значително постабилен платен биланс особено трговската сметка, дознаките, како и солидните странски инвестиции.

Во однос на инфлацијата, гувернерката истакна дека по просечната инфлација од 9,4 отсто минатата година, таа во првите десет месеци од оваа година изнесува 3,4 отсто и дека се очекува натамошно постепено забавување и следната година. Сепак, гувернерката посочува и на одредени ризици.

– Важно е да се истакне дека цените на примарните производи се под значително влијание на геополитичките случувања, а тој дел сѐ уште е ранлив, постои голема неизвесност и потребно е големо внимание. Дополнителни извори на ризици се секако домашните фактори, особено пазарот на трудот, на кој треба да му обрнеме особено внимание за да не се соочиме со нови бранови на инфлациски движења, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката нагласува дека поставеноста на монетарната политика и во иднина ќе биде условена од инфлацијата и девизниот пазар.

– Доколку се задржат поволните трендови, без остварување на некои поголеми надворешни и домашни шокови, тоа секако ќе остави простор за натамошно олабавување на монетарната политика, истакнува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Извор: МИА

Фото: МИА архива и Народна банка

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ