• Latest

24 ЧАСА: Осум лица осомничени за злоупотреби во ТИРЗ; успехот на новогодишната кошница услов за велигденската и рамазанската; збогување со Џими Картер, поранешен претседател на САД

December 30, 2024

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Осум лица осомничени за злоупотреби во ТИРЗ; успехот на новогодишната кошница услов за велигденската и рамазанската; збогување со Џими Картер, поранешен претседател на САД

December 30, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Осум лица осомничени за злоупотреби во ТИРЗ

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против осум лица поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Првоосомничен во предметот е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Од успехот на новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница, најави Дурмиши

-До 15 јануари, до кога трае Новогодишната кошница, ќе се знае дали ги постигнала очекуваните резултати или не. Оваа кошница ја направивме со акција, односно самите чинители одлучија да ги намалат цените на производите кои најмногу им се трошат за новогодишните празници, а ние само ги поддржавме. Доколку се покаже дека не ги исполнила очекувањата следните две кошници ќе ги донесеме со одлуки за замрзнување на цените, изјави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши..

РЕГИОН

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, ќе се формира мешовит комитет и ќе се разговара со макеоднската страна за текстот на договорот, соопшти денеска прес-службата на Советот на министри.

СВЕТ

Човекот со „насмевка од една милја“: Збогување со Џими Картер, поранешен претседател на САД, добитник на Нобеловата награда за мир, поборник на демократијата и човековите права

Џими Картер, решителен, но скромен гувернер од југот на САД, кој во 1976 година стана претседател, почина во неделата во својот дом во Плејнс, Џорџија, на возраст од 100 години. Тој беше најстариот жив поранешен претседател на САД во историјата. Неговата смрт ја потврди неговиот син, Џејмс Е. „Чип“ Картер III.

Избор на фотографија за честитката е протест во Тбилиси на 28 октомври годинава, по украдените избори со кои прорускиот грузиски режим се обидува да ја задржи власта по пат на брутална пресметка меѓу полицијата и демонстрантите. Фотографијата е од Јелгер Гроневелд CC BY 2.0.

ДЕМОКРАТИЈА 

Роџер Касале: Новата визија за Европа не треба да биде само мировен проект, туку и безбеден простор за демократијата и човековите права

Роџер Касале – Нов европски народен форум, на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“, на Конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“, 12 декември 2024 година, Скопје.

Национализмот и авторитаризмот маршираат по истиот пат рамо до рамо, и тоа е патот до војната. Затоа треба да размислиме за тоа. Не само оваа недела, неделата за човекови права, туку во секое време. И како Европеец, знам дека Европа е мировен проект, но не сум доволно возрасен за да го имам тоа искуство од војната, но имав директно искуство со уривањето на Берлинскиот ѕид, во 1989 година, всушност живеев во Берлин во тоа време. И знам дека не е наивно да се верува дека се можни големи промени и дека може да дојдат големи промени, вели Роџер Касале.

ФОТО НА ДЕНОТ 

Фото на денот: Количка за пазарење која може до врв да ја наполните со производите од новогодишната кошничка на Владата

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

СЛОБОДНА ЗОНА

♦Не честитам Нова година зашто се сомневам дека тие на кои ќе им ја испорачам честитката ќе имаат среќа од неа. Си ја задржувам својата „среќа“ за да не им ја намалам нивната. Ако можам да избирам јас би останал во оваа година и би чекал гаранции дека во идната ќе биде прифатена и мојата естетика, пишува Војо Маневски во колумната „За честитката и новите години“.

♦Можен е, наскоро, нов бунт на студентите кај нас заради автобуските билети што како проблем ги донесе министерката за образование Јаневска и елитата која ја претставува. Тие незадоволства би биле насочени кон шалтерите каде се продолжува важењето на билетите. Има голема разлика од она што се случува како вистинска битка со елитата на автократот Вучиќ во Белград, пишува Љубомир Костовски во анализата „ (НЕ)НАУЧЕНИ ИСТОРИСКИ ЛЕКЦИИ: Македонските студенти може да се испровоцираат, но без амбиции за промени“

♦Во време кога глобалниот поредок се распаѓа, а светот е на работ на уништувањето, човештвото се наоѓа пред критичен избор: да се соочи со разорните последици на деструкцијата и рамнодушноста или да продолжи да ги игнорира заканите против опстанокот на цивилизацијата. Клучното прашање сега е: Дали светот има сила и волја да се издигне над хаосот и да ја обнови демократијата и правдата или ќе продолжи да пропаѓа?, анализира Џабир Дерала во колумната „Човештвото пред избор: Соочување со деструкцијата и рамнодушноста или уништување на цивилизацијата“.

♦Зошто се потребни вакви прашања околу моралната етика на членката на Антикорупсциск, истовремено и член на наставниот кадар и управниот одбор на Факултетот за туризам – Универзитет „Скопје“ кој ја издал спорната диплома на директорот на АНБ, и асистентка на деканот кој е потписник на истата диплома?  Зошто непотребни прашања, кога одговорот е јасен, пишува во брзата пошта што ја испрати Драган Мишев со наслов „Што се однесува до моралот, Цвета Ристовска едноставно – морала“.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ