• Latest

Јачева-Улчар: Ако самите не го негуваме и чуваме, нема кој друг да се грижи за македонскиот јазик!

February 21, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јачева-Улчар: Ако самите не го негуваме и чуваме, нема кој друг да се грижи за македонскиот јазик!

February 21, 2017 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Од најмала возраст кај младите луѓе треба да се негува љубовта спрема македонскиот јазик и да се развива свеста дека македонскиот јазик е со многу мал зборувачи и дека ако ние не го негуваме и чуваме, нема кој друг да го прави тоа наместо нас. За да се подигне јазичната култура и во основното и во средното образование, треба многу помалку учење за јазикот, односно, помалку граматика, а повеќе пишување, читање и пеење на јазикот и свртување повеќе кон националните книжевни достоинства“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, по повод 21-ви Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, професор д-р Елка Јачева – Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.Според д-р Јачева-Улчар, има многу работи што треба да се направат за заштита и афирмација на македонскиот јазик.

Професорката д-р Елка Јачева – Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

„Државата ќе треба да посвети поголемо внимание и да обезбеди повеќе средства за поттикнување на научни проекти од национално значење, со што би се пополниле празнините кои постојат во македонската наука за јазикот (непостоење  Електронски корпус на македонскиот јазик, Академска граматика на македонскиот јазик, Етимолошки речник на македонскиот јазик, повеќе двојазични речници, нови дијалектолошки истражувања, особено на оние наши говори кои се наоѓаат надвор од границите на нашата држава…)“, смета Јачева-Улчар.

„Час-поскоро би требало повторно да се активира работата на Комисијата за полагање лекторски испит, која повеќе од две години не работи, како и на Советот за македонски јазик кој претставува советодавно тело на Владата на Република Македонија (мандатот на членовите на последниот состав на Советот за македонски јазик им истече во мај 2016 година!). Во овој контекст од особена важност е и формирањето на Комисија за стандардизација на географските имиња, со чија работа ќе се помогне решавањето на проблемите што ги имаме со топонимите не само внатре во земјата, туку и со вештачки наметнатиот проблем со името на нашата земја, со кој се соочуваме повеќе од две децении во рамките на меѓународната заедница“, се препораките, кои д-р Елка Јачева-Улчар ги посочува како суштински.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УНЕСКО го прогласи  на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година, 21 февруари е промовиран и како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Марија Теговска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сведоци сме на еден процес на несопирлива контаминација на македонскиот

Tags: македонски јазикМеѓународен ден на мајчиниот јазикобразованиепроф. д-р Елка Јачева-УлчарЦивил
Share275TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ