• Latest

Наместо на стадионот што го ветуваше Талески, ФК „Пелистер“ ќе игра во Охрид!

February 21, 2017
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Наместо на стадионот што го ветуваше Талески, ФК „Пелистер“ ќе игра во Охрид!

February 21, 2017 16:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фудбалерите на ФК „Пелистер“ во пролетниот дел од сезоната домашните натпревари наместо на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола, ќе ги играат во соседните градови. Причина за тоа се нереновираните соблекувални, поради кои не се исполнети условите во Битола да се организираат прволигашки фудбалски натпревари.

 

Како што се вели во соопштението за медиумите, напорите во изминатите два месеца и апелите до Општина Битола, навреме да ги реновира соблекувалните во рамките на стадионот „Под Тумбе кафе“ не вродија со плод.

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со советничката од ВМРО-НП, Габриела Илиевска, која во изминатиот период постојано потсетуваше на проблемите со овој стадион.

„Владимир Талески во 2013-та година, изборите ги доби со ветувањето кое го даде во декември 2012-та година, дека ќе изгради нов стадион во Битола и дека ‘Битола ќе биде најспортски град’. Место да ги исполни овие ветувања, тој дозволи фудбалерите да се принудени поради лошата состојба во која се наоѓаат соблекувалните, да играат во други градови“, вели Илиевска.

Најголем проблем, според неа, е редефинирањето на програмата со која беше предвидена реконструкција на стадионот „Под Тумбе кафе“.

„Програмата за реконструкција на стадионот ‘Под Тумбе кафе’,  пред година ипол, на седницата на Комисија за комунални дејности, се преименува во Програма за реконструкција на спортски објекти. Претходно, стадионот беше посебна програма и тоа се промени со цел да се разводни проблемот. Талески ги доби изборите со ветување за нов стадион, а од целосната реконструкција – тој сега ветува дека ќе направи една трибина. Имаше помош со ФФМ, која имаше обврска да ја ревитализираат тревата и тоа го завршија. Тоа што е обврска на Општината не се заврши“, објаснува Илиевска, која потсети на ветувањата на Талески за изградба на градски стадион.

Ветувањата на градоначалникот Талески – „Изградба на спортско-рекреативен центар на Тумбе кафе“ и „Реновирање на градскиот стадион Тумбе Кафе по европски стандарди“, датираат уште од неговата предизборна програма за мандатот 2009-2013 година. Пред истекот на неговиот трет мандат, односно, по 12 години од неговото владеење со градот, битолските спортисти и битолчани, сé уште немаат можност да играат и да гледаат натпревари на реконструиран стадион.

М. Теговска

Tags: БитолаветувањаПелистерстадионТумбе кафеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ