• Latest

Новиот Кривичен законик чека мислење од ЕК, се работи и на неколку други законски решенија

January 9, 2025

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

Новиот Кривичен законик чека мислење од ЕК, се работи и на неколку други законски решенија

January 9, 2025 09:12
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската комисија по што ќе биде доставен во владина и собраниска процедура, а новиот закон за Судски совет треба да биде донесен до јуни годинава. Работна група работи и на измени и дополнувања на Законот за јавно обвинителство, а пристапено е и кон изработка на нов Закон за судска служба, Закон за кривична постапка и кон завршување на деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското законодавство. Сите овие закони, се дел од вториот столб – фронт против корупцијата на Програмата за работа на Владата 2024-2028, кој предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата.

Од Министерство за правда за МИА велат дека новиот Кривичен законик е преведен на англиски јазик, а подготвени се и коресподентните табели, како обврска од Билатералниот скрининг за Поглавје 23.

По добивањето на мислење од Европската комисија, работната група во рамки на Министерството за правда ќе одржи средби за вградување на добиените мислења, по што ќе се одржат јавни расправи и текстот на Законикот ќе биде доставен во владина и собраниска постапка, велат од МП.

Во Парламентот, Кривичниот законик се носи со обично мнозинство.

Со измените на Кривичниот законик донесени во септември 2023 година, Европската комисија во Извештајот за 2024 оцени дека ја ослабнале правната рамка негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, порачувајќи дека земјава во следната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.

Според ЕК, земјава во наредната година освен што треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, треба да го подобри своето досие на случаите на висока корупција – со навремени, професионални и транспарентни проактивни истраги, конечни пресуди и враќање на средствата, вклучувајќи конфискација на криминални средства, конфискација базирана на вредност, продолжена конфискација и конфискација од трето лице.

Нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во декември минатата година рече дека Кривичниот законик донесен од претходната Влада на СДСМ и ДУИ значи амнестија од сторениот криминал, потенцирајќи дека е потребен нов Кривичен законик којшто ќе биде базиран на искуствата на земјите членки на Европската Унија.

– Сакаме да донесеме нов Кривичен закон базиран на искуствата од земјите членки на ЕУ, усогласени со нашиот сентимент и реалност кај нас дома. Таков еден Кривичен законик треба да се донесе, не велам не. Но, ќе повторам овој каков што е денеска, овозможува дел од предметите што се во судски процеси или во истрага за кои што постои основано сомневање и докази дека е сторен криминал, да застарат. И нов закон да повторам, не може да ги врати тие дела. Така што да заклучам, тие кои што сакале со тие измени на тој закон, кој што моментално е важечки да си обезбедат условно кажано политичка амнестија на криминал или вистинска амнестија на криминал, си ја завршија работата. Нов закон базиран на европски искуства ќе биде дел од сеопфатната реформа на судството и обвинителството кај нас. И да, планираме такво нешто да направиме, рече Мицкоски, во интервју за МТВ.

Лидерот на СДСМ и подаде рака на ВМРО-ДПМНЕ за носење нов Кривичен закон со консензус. Новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче рече дека згрешиле со измените во Кривичниот законик, а по бројните критики во јавноста и меѓународните институции, вели дека е време да се донесе нов Кривичен закон кој ќе ги исправи направените грешки.

– Треба да бидеме чесни и да признаеме дека згрешивме со измените во Кривичниот законик. Но, истовремено имаме соработка со меѓународните институции со коишто се донесени 20-тина закони, поддржани и од Венцијанската комисија и сметам дека треба да продолжиме по патот на имплементација на реформите во судството, со поддршка на меѓународната заедница, порача Филипче.

– Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој нов Кривичен закон е направен во координација со меѓународните институции, по терк на Кривичниот закон во Германија и сметам дека што поскоро треба да биде ставен на јавна расправа, да го разгледаат експерти, да го кажат своето мислење и заедно со консензус да донесеме нов, како што доликува. Не е доволно да кажеме дека сме згрешиле што сме донеле таков закон – еве одиме чекор понатаму таа грешка да ја исправиме на овој начин, вели првиот човек на опозициската СДСМ.

Министерството за правда од 2020 година работи на целосно нов Кривичен законик, а поранешниот министер Никола Тупанчески повеќе од една година го најавуваше неговото носење во Собранието, последното за по одморите во 2023 година. Но, наместо нов КЗ, беа направени измени по кратка постапка на членот 353, изгласани со 49 гласа „за“, 36 гласа „против“ и еден воздржан. Само неколку месеци по изгласувањето на измените на Кривичниот законик од пратениците во Собранието, во голем дел случаи за корупција настапи апсолутна застареност, додека во други обвинителите побараа преквалификација и примена на „олеснителните” законски измени.

Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години.

Со новиот Кривичен законик, како што е најавено, треба да се вратат измените на членот 353 и 394 на Кривичниот законик, направени во септември 2023 година во скратена постапка со европско знаменце.

Се подготвува нов Закон за судска служба, Закон за кривична постапка и кодификацијата на граѓанското законодавство

Во Извештајот на ЕК за напредокот на земјава во 2024 година, со вели дека генерално земјава има ограничен напредок во зајакнување на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита основните права, додека нивото на подготвеност за спроведување на европското законодавство и европските стандарди од Поглавјето 23 – судство и основни права е помеѓу одредено и умерено.

На прашање од МИА, на што се работи и до каде се најавените закони од Владината програма 2024-28, од Министерството за правда велат дека Законот за Судски совет би требало да биде изгласан до јуни годинава, додека новиот Кривичен законик е завршен и по добивањето на мислењето од Европската комисија ќе биде доставен во владина и собраниска постапка.

По завршувањето на јавните расправи, работна група на Министерството за правда ќе подготви нов Закон за судски совет кој треба да ги заостри критериумите за избор на членовите, дисциплинските постапки, транспарентноста, должината на мандатот, како и дефиницијата „истакнат правник“.

– Нацрт верзијата ќе биде испратена до Венецијанската комисија пред да биде пуштена во собраниска процедура, но најдоцна до јуни овој закон треба да биде изгласан, се вели во одговорот од МП.

Работна група работи и на измени и дополнувања на Закон за јавно обвинителство, а како резултат на средбите со неколку синдикални организации, пристапено е и кон изработка на нов Закон за судска служба.

– Со оглед дека за суштински реформи во правосудството, не е доволно да се фокусираме само на судите, нивниот статус и одговорност, пристапено е и кон изработка на нов Закон за судска служба. Судскиот систем го сочинуваат и илјадници вработени како судски службеници, лица кои вршат технички и помошни работи во судовите, и судски полицајци без кои судството не може да функционира. Токму од нив, а со цел регулирање на нивниот статус, почнуваат реформите во судството, нагласуваат од МП.

Како резултат на бројните средби со експертската јавност, граѓанските и меѓународните организации, од МП, посочуваат дека одржани се јавни расправи за Законот за кривична постапка за понатамошно модернизирање и рационализирање на правните процеси, по што ќе се пушти во владината процедура.

Се пристапува и кон завршување на деценискиот процес за кодификацијата на граѓанското законодавство.

– На барање на граѓанските организации, и стручната јавност, планирани се јавни расправи за Граѓанскиот законик со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментарите и идеите за подобрување на концептот, кој за цел има зголемување на правната сигурност на граѓаните, велат за МИА од Министерство за правда.

Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата, владеење на правото – дел од владината програма 2024-28

Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандаторот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места.

Вториот столб – фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата.

– Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата.

Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Предвидено е и иницирање на процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и донесување на целосно нов Кривичен законик по примерот на неколку сродни правосудни системи, Закон за јавно обвинителство, Закон за судови, Закон за Судски совет, Закон за кривична постапка, Закон за Совет на јавни обвинители и други неопходни закони.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лажги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ