Адвокатите на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол не успеаја во нивните судски напори да обезбедат негово ослободување во четвртокот, еден ден откако беше приведен во неговата резиденција на сослушување поради наводите за бунт поврзани со неговата декларација за воена состојба минатиот месец.
Како што пренесува Си-ен-ен, Јун беше испратен во притворен центар во близина на главниот град на земјата, Сеул, откако беше подложен на повеќе од 10 часа испрашување во средата во седиштето на Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери, при што го искористи своето право да молчи. Јун одби дополнително сослушување од страна на антикорупционерите во четвртокот бидејќи неговите адвокати тврдеа дека истрагата е незаконска.
Адвокатите побараа од Централниот окружен суд во Сеул да го разгледа неговото ослободување, доведувајќи ја во прашање валидноста на налогот за притвор за Јун издаден од Западниот окружен суд во Сеул.
Сепак, Централниот окружен суд ја одби нивната претставка доцна во четвртокот.
Подготви: Д, Мишев