• Latest
Фото: Скриншот

Пациентите заболени од рак чекаат терапија, додека партиите си ја префрлаат вината за хаосот на Онкологија

January 26, 2025

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

August 16, 2025
Фото: МИА

Собранието не ги изгласа измените во Изборниот законик

August 16, 2025
Фото: Укринформ

САД и Европа може да ги поддржат безбедносните гаранции за Украина „инспирирани од Член 5 на НАТО“

August 16, 2025

Мајкрософт покренува истрага за наводите дека Израел ја користел нивната технологија за масовно следење на Палестинците

August 16, 2025

Трамп си побарал да го номинираат за Нобелова награда за мир

August 16, 2025

Измените и дополнувањата во Изборниот законик ќе се донесат по скратена постапка, прифатен амандманот на Левица, независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто регистрирани гласачи

August 16, 2025
Андриј Сибига. Фото: Фејсбук

Сибига: Украина ја поддржува иницијативата на Трамп за трилатерална средба помеѓу Украина, САД и Русија,

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Фото извор- официјален профил  на ФБ на Зеленски

Зеленски: Мора да се постигне траен мир, а не само уште една пауза, во понеделник ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон

August 16, 2025
EU2017EE Estonian Presidency, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Европскиот совет вети поддршка за Украина во заедничка изјава за самитот Трамп-Путин

August 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Пациентите заболени од рак чекаат терапија, додека партиите си ја префрлаат вината за хаосот на Онкологија

January 26, 2025 12:35
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Додека пациенти заболени од рак во животнозагрозувачка неизвесност поради недостигот на лекови ја чекаат својата терапија,  партиите продолжуваат со меѓусебни препукувања кој е виновен за ваквата состојба на онколошката клиника.

Од опозициската СДСМ вината за хаосот на Онкологија ја лоцираат кај министерот Таравари , директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски  и директорот на Онкологија, Стојковски,

„Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната биолошка терапија. Десет дена овие пациенти чии живот е загрозен, се оставени во неизвесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на биолошка терапија нема да случи и во иднина. Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.

„Животите на луѓето се загрозени поради неспособност на власта. Ветуваа реформи и современ здравствен систем. За седум месеци направија хаос. Вината за хаосот на Онкологија е кај директорот на Онкологија, Стојковски, кај директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и кај министерот Таравари и треба да понесат одговорност“ е ставот на СДСМ.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ за негова оставка, посочувајќи дека партијата нема кредибилитет да повикува на одговорност.

-СДСМ, чиј лидер Венко Филипче не понесе одговорност за живо изгорени пациенти, сега бара одговорност, јас сметам дека нема никаков кредибилитет за тоа. Само би потсетил дека во нивниот мандат се случи најголемата злоупотреба посебно на скапите лекови на Онкологија, една девастирачка ситуација која се уште има последици. И не, нема да поднесам оставка, бидејќи ниту со чинење или нечинење не сум придонел ништо во оваа ситуација, рече Клековски додавајќи дека  Фондот и Клиниката, директорот, раководството и целиот персонал, напорно работат да се надмине наследената ситуација.

Во однос на новонастанатата ситуација на Клиниката за онкологија, за недостигот на биолошка терапија, тој појасни дека од пет илјади пациенти само една мала група се со недостиг на одредена терапија и оти работат на отстранување на тој недостаток.

На 24 јануари, претставници на здружението на онколошки пациенти денеска и лично од Таравари побарале што поскоро да ги има лековите кои се дефицитарни но и дел од нив да се најдат на позитивната листа. Во меѓувреме, повеќе од 300 лица кои повеќе од осум дена се без терапија чекаат да бидат реализирани анексите на постоечките договори и да бидат обезбедени донации од производители како што најавија од Фондот за здравство за покривање на постоечкиот дефицит.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: недостаток на терапија за болни од ракхаос на Онкологија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ