• Latest
Фото: ФБ на Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ доби орден „Војвода Вук“, за ДУИ тоа е навредлив и провокативен чин кон Албанците

January 27, 2025

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вицепремиерот Стоиљковиќ доби орден „Војвода Вук“, за ДУИ тоа е навредлив и провокативен чин кон Албанците

January 27, 2025 12:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фото: ФБ на Иван Стоиљковиќ

Фото: ФБ на Иван Стоиљковиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Здружението на српските доброволци од војните 1912-1918 година да му ја додели наградата „Војвода Вук“ на заменик-претседателот на Владата, Иван Стоиљковиќ, претставува длабоко навредлив и провокативен чин, особено имајќи ја предвид мрачната историја на злосторствата извршени од српските доброволни сили врз Албанците во Северна Македонија во периодот 1912-1918 година, познат како геноциден период, велат од ДУИ.

„Во тој период, особено за време на Балканските војни и Првата светска војна, цивилното население на територијата на денешна Северна Македонија, особено Албанците, се соочија со етничко чистење, масакри и масовни протерувања. Историските извори сведочат за палење на цели албански села, силувања, тортура и масовни егзекуции. Во Тетово, Гостивар, Скопје, Кичево и многу други региони, Албанците беа цел на српските сили, кои ги третираа како пречка за проектот на асимилација и територијална експанзија“, велат од ДУИ.

Од таму додаваат дека според историските сведоштва, десетици илјади Албанци беа убиени, а илјадници други беа насилно протерани од своите домови.

„Во некои случаи, варварствата вклучуваа силувања и живо палење на албански цивили. Овие злосторства не само што оставија длабоки рани кај албанскиот народ, туку и ги зајакнаа поделбите и етничките тензии кои сè уште се чувствуваат денес“, велат од ДУИ.

Партијата од Мала Речица нагласува дека трагична иронија е што државен функционер, кој раководи со министерството одговорно за Охридскиот договор и претставува држава која треба да промовира помирување и соживот, прифаќа одликување од здружение кое е директно поврзано со толку болен период за Албанците во Северна Македонија и го објавува тоа како признание.

„Овој чин не е ништо помалку од обид за легитимирање на минатите злосторства и навреда на споменот на илјадниците албански жртви. Почитувањето на споменот на жртвите и прифаќањето на историските вистини се единствениот темел за помирување и заедничка иднина. Албанците во Северна Македонија нема да молчат пред обидите за легитимирање на неправдите од историјата“, додаваат од ДУИ.

Министерот за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ на својата Фејсбук страница објави дека Здружението на воените доброволци и нивните потомци 1912-1918 година го одликуваше со Орден на Војводата Вук како признание за неговата демократска борба и јакнењето на положбата на српскиот народ.

Д.М.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ