• Latest

24 ЧАСА: Разрешена директорката на „Козле“ која влезе во клинч со медиумите; Кина возрати на санкциите на Трамп; проширувањето на ЕУ веќе не е благородна амбиција, туку геополитичка неопходност

February 4, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Разрешена директорката на „Козле“ која влезе во клинч со медиумите; Кина возрати на санкциите на Трамп; проширувањето на ЕУ веќе не е благородна амбиција, туку геополитичка неопходност

February 4, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Разрешена в.д. директорката на „Козле“ која забрани да и се спомнува името

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потпишал решение за разрешување од функцијата на досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска. На нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.

– Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска, се наведува во соопштението на МЗ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Во услови на зголемено руско мешање и обиди за влијание во Молдавија, Грузија и на Западниот Балкан, проширувањето на ЕУ станува директен предизвик за европската колективна безбедност. Да не се залажуваме, проширувањето сега веќе не е само благородна амбиција, сега, цврсто верувам, дека тоа е геополитичка неопходност. Сепак, за жал, во последнава деценија загубивме повеќе членки, отколку што примивме, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на Европската Унија, насловена „Надворешна политика на ЕУ што испорачува“, што се одржува во Брисел.

РЕГИОН

Политичките партии во Косово за три недели предизборна кампања добија казни од над 400.000 евра од Панелот за претставки и поднесоци

Највисоките казни што ги изрече оваа институција до 31 јануари се два случаи од по 20.000 евра. Еден за Демократската лига на Косово (ЛДК) и еден за коалицијата Алијанса за иднината на Косово, НИСМА, Конзервативци, Интелектуалци. Прекршувањата утврдени од страна на Панелот за претставки и поднесоци главно се однесуваат на прекршување на Кодексот на однесување на политичките субјекти.

СВЕТ

Кина возвраќа на воведените царини за кинескиот увоз на Трамп

Пекинг во вторникот објави широк пакет економски мерки насочени кон САД, возвраќајќи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 10 отсто на кинескиот увоз.

Новите давачки, објавени од кинеското Министерство за финансии, наметнуваат данок од 15 отсто за одредени видови јаглен и течен природен гас и тарифи од 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини, автомобили со голем обем и пикап камиони. Мерките стапуваат на сила на 10 февруари, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за протестите на српските студенти?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Името и презимето на докторката блондинка која имаше сопствена замисла како функционира едно демократското општество и правото на слобода на информирање, веќе нема да се објавуваат во медиумите.

Добрата вила која и ја оствари желбата на сега веќе поранешната в.д. директорка е министерот за здравство, д-р Арбен Таравари. Со мало задоцнување, сепак, што би рекле нашите северни соседи „никад није касно, боље икад – него никад“, пишува Драган Мишев во колумната „Пази што посакуваш, може да ти се исполни: Веќе нема да се споменува името и презимето на в.д. директорката на „Козле“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ