• Latest

24 ЧАСА: Лажни закани за бомби во училиштата; пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Попов призна дека во минатото возел без возачка и предизвикал сообраќајка; Трамп нема да ги санкционира олигарсите поврзани со Кремљ

February 7, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
NBC News

Апелациониот суд во Њујорк ја поништи казната против Трамп за граѓанска измама од околу 500 милиони долари

August 22, 2025

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

August 22, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател Болсонаро планирал да избега во Аргентина барајќи азил, обвинува бразилската полиција

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Лажни закани за бомби во училиштата; пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Попов призна дека во минатото возел без возачка и предизвикал сообраќајка; Трамп нема да ги санкционира олигарсите поврзани со Кремљ

February 7, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Над 240 лажни дојави за поставени бомби во училиштата

Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата и за сите е утврдено дека се лажни, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Тетово. По шест часа од првата дојава и работа на терен тој оцени дека безбедноста низ целата држава е стабилна и солидна.

„Нема потреба за паника, граѓаните, и родители и сите наставници во училиштата треба да бидат спокојни. Се работи за лажни дојави, за бомби секаде кај што го направивме. Ова се работи и сите проверки укажаа дека се работи за лажни дојави за бомби. Се работи за повеќе од 240 дојави. Сите припадници на македонската полиција, реагираа совесно, брзо и сталожено без да се крева паника. Пристапија во училиштата, разговараа со директорите на училиштата, извршија проверки таму кај што требаше да извршат проверки. Имаме соодветен протокол и алгоритам по којшто ние постапуваме. Таму каде што параметрите беа позитивни, односно во зелена зона – наставата продолжи, таму каде што имаше одредени параметри во други зони се извршија дополнителни проверки и секаде се работи за лажни дојави“, истакна Јанев.

Се очекува меѓуресорската група да се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите.

„Заеднички настапуваме во следниот период и со дополнителни напори од општините, ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата“, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција.

Одговорните во училиштата, во случај на дојави за експлозивни направи, треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат стручните лица од министерството.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Попов: Точно е дека на 18-годишна возраст без возачка дозвола повредив жена во сообраќајна несреќа

Точно е дека пред 11 години, кога бев на 18-годишна возраст, направив грешка која, за жал, имаше последици. Бев осуден за тоа и целосно ги прифатив последиците од моите дејства. Беше многу тежок период за мене и за моите најблиски. Во меѓувреме, ги исплатив сите штети кон лицата кои беа засегнати од моето недолично однесување. Таа грешка беше не само за мене, туку и за сите околу мене, и беше навистина важна лекција во мојот живот. Мора да нагласам дека, по таа случка, никогаш повеќе во животот не сум возел. Никогаш не сум повторил никакво слично дејство, и дури и денес, по 11 години, не сум положил за возачка дозвола, затоа што сметам дека на безбедноста на патиштата треба да се гледа со најголема сериозност и одговорност“, пишува Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил во контекст на обвинувањата на опозициските партии СДСМ и Левица дека пред 10 години предизвикал сообраќајка и бараа да си даде оставка од пратеничката функција.

ИНТЕРВЈУ

Катерина Шекутковска, Илика: Политиката и културата се тесно поврзани, но исто така и се условуваат меѓусебно – доколку би имале подобри услови, ќе создаваме и подобра уметност

„Не можеме во културата или уметноста да се држиме до оние конзервативни сфаќања дека тие лебдат некаде во облаците, а целиот свет се случува некаде надвор од нивната сфера. Политиката и културата се тесно поврзани, но исто така и се условуваат меѓусебно. Мојот личен впечаток е дека не зборуваме доволно за тоа колку е условена нашата уметност и квалитетот на нашата уметност од условите во кои што ја создаваме. Доколку би имале подобри услови, ќе создаваме и подобра уметност. Тоа се обидувам да го применувам и во издавачката куќа, во насока на создавање подобри услови за работа. Мислам дека треба да ги напуштиме тие идеи дека писателот, уметникот, треба да биде сиромашен и да нема леб за јадење за да создаде нешто генијално“, вели Катерина Шекутковска, ко-сопственичка на издавачката куќа и кафе-книжарница „Илика“, за ЦИВИЛ Медиа.

РЕГИОН

Утре ќе се гласа во амбасадите и конзулатите на Косово, Елези: Организирано во 19 земји, може да гласаат само регистрирани гласачи

За прв пат во историјата на државата Косово, дипломатските претставништва на Косово ќе бидат претворени во Гласачки центри за да ги пречекаат своите граѓани да гласаат на изборите за Собранието на Косово.

СВЕТ

Трамп ја суспендира програмата со која се санкционираат олигарсите поврзани со Кремљ

Во меморандумот, Бонди објави дека програмата позната како „Task Force KleptoCapture“ ќе биде прекината, бидејќи приоритет на администрацијата на Трамп е борбата против нарко-картелите и меѓународните банди, пренесува Кијив Индипендент.

Иницирана во времето на поранешниот американски претседател Џо Бајден, програмата имаше за цел финансиски да ги притисне богатите сојузници на рускиот претседател Владимир Путин по целосната инвазија врз Украина и да ги казни оние кои се вклучени во затајување санкции.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што треба да содржи синдикалната кошничка за да ги задоволи критериумите на Мицкоски?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Идејата да се преселат протестите во сабота во Неготино е измислица на некој кој сака истите да не се пред институциите што се битни за случајот со девојката Фросина.

Имено, двата протести од саботата и неделата помдрнаа многу работи кај третата власт ама штом ќе престане притисокот се полека ќе се врати на стариот колосек или со некои банални промени.

Редуцирањето на отежнувачките околности продолжува. Како дилема е поставена вината за родителите на Васко Јованов, се работи на ишкање на одговорноста на судијката која полнолетник испраќа во малолетничко – поправителен дом, има индиции дека „кутриот“ притвореник може да оди во болница од Шутка…, е ставот Љубомир Костовски, „Изместување на протестите“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ