• Latest

Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста

February 8, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста

February 8, 2025 08:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице место, автоматско евидентирање на нерегистрираните возила, поврзување на системите на МВР, судовите и обвинителствата за брзи санкции… но и семејството, како што е фактор на превенција, е и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти, бидејќи општата некултура, се рефлектира и во сообраќајот.

Ова се дел од пораките од јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот, што се одржа вчера во Собранието во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во расправата учествуваа претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, судии, јавни обвинители, невладини организации, медиуми и останати општествени чинители. Не се вклучија пратеници, а нејзино продолжение на кое ќе бидат посочени заклучоци ќе биде дополнително закажано.

Министерот за правда Игор Филков, информираше дека министерствата за правда, за внатрешни работи, – судии од Одделот за прекршоци во Кривичниот суд Скопје и универзитетски професори, работат на интензивна имплементација на новите законски измени во Законот за прекршоците како и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во контекст на овој процес, формирана е работна група за дополнување на законските решенија, со посебен фокус на намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

За сторители кои по трет пат ќе се најдат на суд, а во случај на сериозни прекршувања, како што се возење под дејство на алкохол или прекумерна брзина, судот, вели тој, ќе изрече санкција која подразбира престанок на важење на возачката дозвола. Ова ќе значи дека возачот нема да може да стекне нова возачка дозвола додека не помине една година од правосилноста на пресудата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, нагласи дека случајот со Фросина Кулакова не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи.

Еден од проблемите во сообраќајната безбедност е огромниот расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Овој систем на компромиси и полу правда мора да биде разбиен и да се воведе систем на ефективна контрола и строги санкции, особено за рецидивистите.

Фокусот не смее да биде само на законите, на заострување на казните туку во градење на систем кој како што рече, ќе овозможи конкретно елиминирање на неказнивоста. Тој нагласи дека е потребно да се обезбеди дека санкциите се спроведуваат доследно и континуирано, а не само периодично при засилени акции на МВР кога е зголемен фокусот на јавноста, што може да се постигне со дигитализација и автоматизација.

Републичкиот совет за безбедност, како што посочи нејзиниот претседател Горан Ангелковски, водејќи се од статистичките податоци за бројот на случени сообраќајни незгоди, причините и последиците од нив, смета дека е потребна зајакнување на казнената регулатива, воведување на негативни бодови за потешки прекршоци кои ќе се изрекуваат кумулативно а не како замена за изречената глоба, зголемување на ефикасноста на казнените постапки, имплементирање на системот „безбеден град“, намалување на влијанието на човечкиот фактор при одлучување за прекршоците како и забрзување на казнената постапка.

Одредени потешки случаи од областа на сообраќајот треба да се предвидат како кривични дела, пред се, брзото возење над 70 км во населени места, или над 100 км надвор од населените места, управувањето под дејство на алкохол над 2 промили, или под дејство на дроги, без положен сообраќаен испит и други потешки случаи како и заострување на казнената политика за непочитување на ограничувањето на брзината на места каде што имаме определени зони на смирен сообраќај, рече Ангелковски. За вакви дела, тие предлагаат, времено или трајно одземање на возило како предмет на вршење на кривичното дело.

Семејството e основата на превенцијата за безбедност во сообраќајот, вели професорката на правниот факултет Гордана Лажетиќ, која денеска зборуваше на јавната расправа. Според неа, од анализата што ја правеле семејството е фактор на превенција, но и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти. Општата некултура, посочува таа, се рефлектира и во некултура и во сообраќајот. Во однос на институционалниот проблем Лажетиќ смета дека треба да се направи контрола на авто школите и техничките прегледи на возилата, а посочува и на проблемот што кај нас го има со јавниот транспорт што би го користеле лицата што немаат дозволи.

Дека сообраќајната култура се учи од мали нозе во семејството и во градинките смета и директорката на Психијатриската болница Славица Арсова. Таа смета дека проблемите се системски, но нагласува дека и покрај тоа што се зборува за подобрување на системот, доколку луѓето, кои се дел од тој систем, не ги применуваат законите како што треба, системот нема да профункционира и насилството пак ќе дојде. Освен зголемување на сообраќајните несреќи таа укажува и на зголемен број на случаи на насилство во семејствата, меѓу партнерите… Покрај алкохол, вели таа, се конзумираат и дроги кои кај нас можат евтино да се најдат, па, насилството не се случува само кога некој е под дејство на алкохол. Арсова нагласува дека со превенција, учење на безбедносна култура и ненасилство децата се учат од мали, уште од градинката. Но, родителите се тие кои ги праќаат клучните пораки.

Иницијативата за јавната расправа следува по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишна девојка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје. На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ