Напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 15 февруари предизвика пожар во индустриски капацитет во руската област Калуга, , соопшти гувернерот на регионот Калуга, Владислав Шапша на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Беспилотно летало (UAV) се урна на територијата на индустриско претпријатие во областа Џержински, предизвикувајќи пожар во една од зградите. На местото на настанот пристигнаа пожарникарски и спасувачки екипи, заедно со оперативна група“, рече тој.
Прелиминарните информации покажуваат дека нема жртви
ТРускиот Телеграм канал SHOT, повикувајќи се на очевидци, објави четири до пет експлозии околу 6 часот наутро.
Експлозии се слушнаа и во Волгоград. Локалните жители известија дека е активирана противвоздушна одбрана во реонот на рафинеријата, според Телеграм каналот Астра. Гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров изјави дека сите беспилотни летала се уништени, а остатоците предизвикале мал пожар во индустриската област, кој брзо бил изгаснат.
Утрото, Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија објави привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони на аеродромите во Астрахан, Владикавказ, Волгоград, Грозни, Калуга, Саратов и Уљановск.
Драган Мишев