• Latest
Одбележување на три години руска воена агресија против Украина / фото Б. Јордановска,  ЦИВИЛ

24 ЧАСА: Три години руска воена агресија против Украина; Македонија ќе биде ко-спонзор на резолуцијата на САД за Украина; Во Германија победи ЦДУ/ЦСУ

February 24, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Три години руска воена агресија против Украина; Македонија ќе биде ко-спонзор на резолуцијата на САД за Украина; Во Германија победи ЦДУ/ЦСУ

February 24, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Одбележување на три години руска воена агресија против Украина / фото Б. Јордановска,  ЦИВИЛ

Одбележување на три години руска воена агресија против Украина / фото Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Три години руска воена агресија против Украина: Факти за војната, воените злосторства и борбата за слобода

Целосната воена инвазија во 2022 година беше продолжување на злосторството на вооружената агресија што Руската Федерација го прави против Украина од февруари 2014 година, кога се обиде да ја анексира и привремено ја окупира Автономна Република Крим, градот Севастопол и привремено окупира одредени области на регионите Доњецк и Луганск на Украина. Пред точно единаесет години, неиспровоцираната вооружена агресија на Русија против Украина го поттикна уништувањето на глобалниот поредок по Втората светска војна, изграден врз основа на меѓународното право.

Во 2022 година, Русија ја ескалираше својата агресија во целосна воена инвазија, заканувајќи се не само на Украина, туку и на цела Европа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицкоски: Па, така одлучивме, ќе бидеме ко-спонзори на резолуцијата што ја поденесоа САД

„Па, така одлучивме. Дека ќе бидеме ко-спонзори на Резолуцијата која што ја поднесоа Соединетите Американски Држави“, со ултра краток одговор на новинарско прашање,  премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција потврди дека ќе ја поддржи предлог резолуцијата на администрацијата на Трамп во Обединетите Нации.

РЕГИОН

Менаџерка на Српски железници и тројца членови на Комисија уапсени поради пропусти при реконструкција на железницата во Нови Сад

По наредба на Специјалното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска е упасена С.К., менаџерка за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железница Србија“, како и тројца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, додека еден е во бегство, во врска со извршување неколку кривични дела со коруптивни елементи, што резултираше со уривање на настрешница на таа железничка станица на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 15 лица, а тројца беа тешко повредени.

СВЕТ

Прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија: ЦДУ/ЦСУ освои 197 мандати во Бундестагот

Според прелиминарните резултати, конзервативната партија ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори во Германија со освоени 28,6 отсто од гласовите, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

Лидерот на партијата, Фридрих Мерц сега ќе се обиде да формира коалиција до Велигден. Мерц вели дека „апсолутен приоритет“ е „да се зајакне Европа што е можно побрзо за да можеме да постигнеме вистинска независност од САД“.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за цените и достапноста на лековите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Пред три години, Украина, предводена од уметник и интелектуалец – претседателот Зеленски – застана на раскрсницата на историјата. На претседателот му беше понудено да побегне додека бомбите паѓаа врз неговата земја, но тој одговори со зборови кои ќе одекнуваат низ времето засекогаш: „Борбата е тука; ми треба муниција, а не превоз“.

Украина кажа НЕ! НЕ на бруталната и крвожедна агресија. НЕ на машинеријата на лаги и пропаганда. НЕ на силите на тиранијата кои сакаа да ја избришат оваа суверена нација од картата“, пишува Џабир Дерала во колумната „Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата“.

*

„Германија најверојатно ќе види промена во владата, со нов канцелар од конзервативниот блок. Во големата шема, Германија се чини дека останува на стабилен, проевропски курс. И смирувачко е тоа што конзервативците не се усогласени со Русија. Некој може да каже, „Gerade noch mal gut gegangen“ (Сè уште помина добро на крајот)“, пишува Флориан Донкел во колумната „Избори во Германија: Последниот повик за будење на Европа“?

Д. Муратов

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ