„Инвазијата која ја започна режимот на Путин и тогаш и денес утврдуваат дека во 21 век, на европско тло постојат и за жал владеат диктатори, владетели на кои јас им е поважно од ние“, изјави пратеничката Славјанка Петровска на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
„Не смееме да заборавиме дека и тогаш и сега, Украина е живиот штит на Европа од режимот на Путин. Деновиве често се поставува прашањето дали Путин победува. Не сум воен експерт, знаете, но логиката и фактите дека Путин е веќе поразен.Она што требаше да биде 48 часовна инвазија и освојување на Кијив се претвори во тригодишен отпор, решителност, храброст и одлучност. Одлучност да победи демократијата и иднината на самостојна и независна Украина. После три години Путин прв седнува на преговарачкото столче и бара примирје. Тоа не е затоа што му е грижа за илјадниците загинати од двете страни туку затоа што знае дека војната е изгубена. И затоа нашата поддршка за Украина не смее да престане.
Лично јас, верувам и сите ние ги подржуваме сите дипломатски напори кои имаат за цел постигнување праведен и траен мир. Мир што ќе биде во согласност со меѓународното право и волјата на украинскиот народ.
Ќе завршам со пораката дека иднината на Украина е иднина на Европа. Наша заедничка одговорност е да обезбедиме сигурност и одржливост на одлуките кои ќе бидат донесени“, изјави Петровска во своето обраќање.
Б. Ј.