• Latest

24 ЧАСА: Малолетни лица одговорни за лажни дојави за бомби во скопски училишта; праведен мир во Украина можен само со НАТО безбедни гаранции, децидна Мелони; европратениците со повик без политички закани по пресудата за Додик

February 27, 2025

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Малолетни лица одговорни за лажни дојави за бомби во скопски училишта; праведен мир во Украина можен само со НАТО безбедни гаранции, децидна Мелони; европратениците со повик без политички закани по пресудата за Додик

February 27, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Двајца 14-годишници од Скопје праќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. Како што денеска соопштија од МВР, пријавените малолетни лица на 19 февруари годинава од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21 февруари годинава од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мелони порача дека праведен мир во Украина е можен само доколку НАТО им обезбеди безбедносни гаранции

Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Кијив не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата. Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Кијив му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Ова би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат безбедни. Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војната. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони за најефективниот начин до праведен мир во Украина – можен само доколку НАТО им обезбеди безбедносни гаранции.

РЕГИОН

Европратеници повикаа на воздржување од политички закани и штетни активности по пресудата за Додик

„Ја нагласуваме важноста од целосно почитување на институциите на Босна и Херцеговина и независноста на нејзиното судство и потенцираме дека притисок врз судството и заплашувањето на судиите се неприфатливи порачаа во заедничка изјава постојаниот известувач за БиХ на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, чешкиот европратеник Онджеј Колаж и претседавачот на Делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово, хрватскиот европратеник Давор Иво Стиер по повод изречените пресуди за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в.д. директор на „Службениот весник на РС“, Милош Лукиќ.

СВЕТ

Несогласување околу безбедносните гаранции за Украина помеѓу Трамп и Стармер пред нивната средба

Британскиот премиер Кир Стармер го повтори својот повик за американска безбедносна гаранција во Украина за да се одврати Владимир Путин од повторно инвазија додека се подготвува да се сретне со Доналд Трамп. Премиерот на Обединетото Кралство и американскиот претседател денеска се сретнуваат во Белата куќа, а Украина ќе биде централна точка на нивните разговори

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за безбедносната состојба во нашата земја?

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Дневникдојави за бомбипресуда за Милорад ДодикУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ