• Latest

Пратеничката Славјанка Петровска мета на крајно навредлив напад од министерката за финансии Кочоска – остри реакции од Филипче, Костова и Форумот на жени на СДСМ

February 27, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Пратеничката Славјанка Петровска мета на крајно навредлив напад од министерката за финансии Кочоска – остри реакции од Филипче, Костова и Форумот на жени на СДСМ

February 27, 2025 17:47
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за нејзината претходна изјава дека таа не купувала грашок во конзерва и не сфаќа зошто таква храна е ставена во потрошувачка кошничка за 4-члено семејство во која има и 13 литри млеко. Одоговорот од министерката беше крајно навредлив.

„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство“, рече министерката.

На овој крајно неприфатлив напад и навреда кон пратеничката Петровска, остро реагира СДСМ.

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, остро го критикуваше денешното излагање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која, како што вели, се обидела да ја потценува пратеничката Славјанка Петровска, објави Фронтлајн. Според Костова, изјавата на Димитриеска-Кочоска претставува уште една потврда за родовата дискриминација која, како што посочува, ДПМНЕ ја практикува со цел да ги понижи жените, особено во политиката.

„Оваа изјава е пример на безобразна родова дискриминација. Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката за финансии ја отфрла критиката на Петровска и со потценувачки тон ѝ вели дека не знае колку троши четиричлено семејство,“ објави Костова на Фејсбук.

Потпретседателката на СДСМ, исто така, ја обвини Димитриеска-Кочоска за влез во патријархални и родово ограничувачки рамки, кои, како што вели, се целта на агресивното наметнување на традиционални улоги за жените од страна на ДПМНЕ.

„За жал, да се биде жена во политика не значи автоматски дека се работи на родова еднаквост. Иако таа се претставува како жена на важна политичка позиција, изјавата на Димитриеска-Кочоска е пример на женомразачка политика која ја интернализирала мизогинијата, основен постулат на ДПМНЕ,“ изјави Костова.

Костова посочи дека борбата за родова рамноправност подразбира напори за завршување на дискриминацијата против работните мајки, како и за изградба на систем што ќе им овозможи на жените флексибилност за баланс помеѓу професионалниот и семејниот живот.

„Ние мора да обезбедиме рамноправност во изборите што жените ги прават, било да се тоа избори за кариера, брак или семејство. Овој избор треба да биде почитуван, а системот треба да обезбеди финансиска стабилност за сите жени. Сепак, оваа Влада предводена од Мицкоски ја оневозможува финансиската стабилност за мнозинството граѓани,“ истакна Костова.

На крајот, Костова ја оцени изјавата на Димитриеска-Кочоска како срамна, но не и неочекувана, додавајќи дека оваа политика е карактеристична за ДПМНЕ, која, според неа, секогаш насочена кон понижување и угнетување на жените, особено на оние кои се гласни и се борат против штетната матрица на оваа партија.

Реагираше и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца ме згрози“, објави Филипче на социјалните мрежи.

Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е, како што напиша Филипче, добро познат начин на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секогаш кога се соочени со критика, нивниот одговор не е дебата, туку омаловажување“, вели првиот човек на СДСМ.

Тој изрази жалење што „Славјанка повторно е мета на напади“.

„Не така одамна беше жртва на дискредитации и лаги од страна на пратеникот Ковачки. Често сме сведоци и на јавни исмевања и навреди од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, дури и на нејзиниот изглед. Тоа е нивната политичка култура – навреди, дискредитации и насилна реторика“, остро критикува Филипче во својата објава и истакнува дека „Славјанка е силна жена и врвен професионалец, човек кој секогаш се однесува со почит кон сите – за разлика од оние што ја напаѓаат“.

Според Филипче, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, „сведочиме на пад на политичката култура и голема нетолеранција кон критиката“. Според него, ако ова е нивното однесување на самиот почеток, во првите моменти на нервоза, можеме само да замислиме што ќе следува.

Тој побара од сите граѓани кои веруваат во демократските вредности да го осудат овој срамен чин. „Не смееме да дозволиме омаловажувањето и навредите да станат новата нормалност. Ова не е само напад врз Славјанка – ова е напад врз сите жени“, напиша Филипче.

Форумот на жени на СДСМ најостро ја осудува денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, кон пратеничката Славјанка Петровска, објави Фронтлајн.

„Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на сите граѓани, Кочовска посегна по коментирање на приватниот живот на Петровска, потсмевајќи и се дека нема семејство и дека не е мајка. Ова е уште една во низата потврди за тоа дека ДПМНЕ без никакви резерви и секогаш прибегнуваат кон дискриминација и понижување на жените. Кочовска се дрзна да ѝ каже на Петровска дека таа не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама. Во типичен и крајно дрзок дпмневски манир, Кочоска ѝ кажа на Петровска дека воопшто не ја почитува. Ова е најдолниот настан којшто се случил во македонскиот парламент. Бараме Кочовска да излезе и јавно да се извини на Петровска и на сите жени кои денеска ги омаловажи и ги понижи. Ги повикуваме и од Унијата на жени на ДПМНЕ, да реагираат и да ја осудат оваа срамна изјава заедно со навредите на Кочовска.  Мора да се стави крај на дискриминацијата против жените и оние кои се борат за баланс помеѓу работниот, семејниот и социјалниот живот“ се вели во реакцијата од Форумот на жени СДСМ.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да си заминат што побргу и да не лажат повеќе, едногласно им порачаа граѓаните на властите

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Ја мислевте Данела некаков симбол на непокор – ве потсети што вмровска инсталација си беше и остана

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ